Десерт од сусам и мед, се јаде за здравје…Највкусниот рецепт со лековити својства…

Десертот наречен „пастели“ го зајакнува имунитетот и ги регулира мастите во крвта, а се прави од само 2 состојки…

Рецептот датира од пред 6.000 години и се споменува во Илијадата на Хомер под името Интрион. Тоа е веројатно највкусниот рецепт што некогаш ќе го пробате, а во исто време има толку добри лековити својства.

Во Хомеровата Илијада, интрион или пастели им се дава на Хелените, воини пред да заминат во битка за да имаат енергија и сила за тешки напори и борби.

ЕДНА МАЛА ЛАЖИЧКА ОД ОВА: За силни коски – природен лек за остеопороза

Што всушност се пастели? Тоа е мешавина од две супер здрави намирници, сусам и мед. Се нарекува и пита со сусам и мед.

Лековити својства

Комбинацијата на овие две намирници ви го дава светиот грал од корисни состојки, меѓу другото: цинк, железо, влакна, магнезиум, калциум, бакар и голем број витамини, особено групата Б, односно речиси сите состојки клучни за здравјето и функционирањето на телото.

Според истражувањата, комбинацијата создадена од синергијата на овие целосно природни состојки е ефикасна за регулирање на маснотиите во крвта, особено на односот на LDL и HDL холестеролот.

Пастелите ќе имаат идеално дејство за регулирање на неправилните отчукувања на срцето, високиот крвен притисок и подобрата циркулација. Ќе ви ја даде потребната енергија и сила за тешка физичка и ментална работа.

Комбинацијата одлично влијае на хроничниот стрес по 3 недели редовно консумирање.

Една нова студија во Clinical Journal of Nutrition ги потврди придобивките од медот и сусамот во намалувањето на депресијата, артериосклерозата, мултиплекс склероза и високиот крвен притисок.

Пастелито содржи дури 182 елементи кои се корисни за здравјето на нашиот организам, а има особено висока концентрација на антиоксиданси кои го спречуваат развојот на тешки болести.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

300 грама таан/тахини (чиста мелена паста од сусам) и
300 грама природен мед.

Напомена: готов таан можете да најдете во продавниците за здрава храна.

Можете да го направите сами ако имате време и добар блендер:

За добар домашен намаз таан или тахини, потребни ви се сурово, излупено семе од сусам и масло по ваш избор (обично 2 лажички масло одат на една или половина чаша семе, во зависност од тоа колку сакате да биде густа смесата – сусамово, маслиново или најчесто се користи сончогледово).

Истостирајте го семето со лесно пржење во сува тава без додавање маснотии додека да замириса убаво и сосем малку да порумени (5-10 минути, постојано мешајќи).

Кога ќе се олади, ставете го семето во блендер со маслиново масло и миксајте додека да добиете паста со саканата густина (по желба можете да додадете уште маслиново масло).

Совршената комбинација од мед и сусам е навистина чудотворна: лекува повеќе од 10-тина болести

Двете состојки (мед и таан) се течни, но, што е многу интересно, кога добро ќе ги измешате, се стврднуваат во маса што може да се обликува како пластелин.

За време на мешањето, во смесата по желба можете да додадете една рака мелени ореви, бадеми, ф’стаци или лешници. Направете топчиња или некоја интересна форма за вас. Валајте ги овие топчиња во интегрален сусам.

Наредете ги топчињата во плех и ставете сè во фрижидер. Се земаат по 2-3 топчиња дневно, не повеќе. Иако се многу вкусни, сепак треба да имате во предвид дека се енергетска концентрација.