Потребни состојки: 5 лажици мед, 50 г шеќер во прав, четвртина од коцка маргарин/путер (околу 65 грама), 50 г темно чоколадо за готвење, 50 г ситно сечкани ореви, 100 г мелени бисквити, 100 г сусам..
Подготовка: Во тавче запржете го сусамот без додавање масло. Со повремено мешање, сусамот се пржи на тивко додека да порумени малку и почне да го испушта својот пријатен мирис.
На тивок оган растопете ги медот и шеќерот во прав. Додајте ги маргаринот и чоколадото, и мешајте додека се да стопи и соедини. Се трга од оган и во смесата се додава претходно пропржениот сусам, ситно сечканите ореви и мелените бисквити (плазма).
Соединете сè и веднаш наредете во калап во форма на триаголник. Најдобро е калапот претходно да се покрие со фолија или со пластична кеса за замрзнување за подоцна полесно да се извади колачот од него.
Доста брзо се стега, но најдобро е да го чувате во фрижидер барем неколку часа пред да го исечете и послужите. Се сече на помали триаголници како тоблероне и се ужива во вкусот.
II РЕЦЕПТ – Црно и бело ТОБЛЕРОНЕ – 2 рецепти за само 20 минути. Одличен вкус, едноставен рецепт, брз, на сите им се допаѓа. Супер рецепт за ситни колачи.
Потребни состојки за црно тоблероне: 8 лажици шеќер во прав, 4 жолчки, 250 г путер или маргарин, 100 г црно чоколадо, 100 г крупно сечкани ореви или лешници и 100 г мелени бисквити.
Потребни состојки за бело тоблероне: 8 лажици шеќер во прав, 4 жолчки, 250 г путер или маргарин, 100 г бело чоколадо, 100 г сечкани желе бонбони и 100 г мелени бисквити.
Постапка: Жолчките и шеќерот добро изматете ги, да добиете густа и светла кремаста смеса, па сварете ги врз пареа. Садот во кој ќе ги матите ставете го врз тенџере со вода која врие. Штом се загрее смесата од жолчки, додајте го путерот исечкан на листови и 100 г чоколадо искршено на коцки.
Мешајте додека сите состојки да се растопат и соединат, а смесата да се изедначи, за што е потребно приближно 15 минути. Потоа, во чоколадната смеса додајте крупно сечкани ореви или лешници за црното тоблероне (за белото сечкани желе бонбони) и 100 г мелени кекси.
Смесата излејте ја во обложен калап со облик на триаголник и оставете да се стегне во фрижидер преку целата ноќ. Следниот ден извадете го од калапот и оставете го малку да се потсуши, па потоа сечете го и послужете го. / Coolinarika.com