Старечките дамки и темните дамки кои се јавуваат на лицето, за многумина претставуваат проблем кој влијае врз самодовербата.

Најчесто овие дамки се појавуваат на лицето, рацете и рамењата, како и на нозете, а со текот на времето нивниот број постојано се зголемува.

За среќа, постои ефикасен начин како да се ослободите од нив.

Потребни ви се само две состојки кои ќе ги измешате и ќе ги примените на зафатените места. Станува збор за лук и оцет.

Земете свеж лук и исечкајте го на коцки, а потоа ставете го на блендер и добро измиксајте го. Потоа додадете јаболкова киселина, промешајте добро додека да добиете мазна смеса.

Користете памук кој ќе го потопите во смесата, па потоа нанесете врз оние делови од кожата каде има темни дамки. Овој третман правете го секојдневно во текот на еден месец.

Првите ефекти ќе ги забележите после седум дена, но продолжете понатаму се додека целосно да се елиминираат пегите.

Доколку некогаш сте се прашувале дали жените треба да го бричат лицето, дерматологот и на ова дал одговор:

Бројни експерти тврдат дека станува збор за метод кој е едноставен и брз и има двоен ефект: покрај вланенцата, се отстрануваат и мртвите клетки од кожата, поточно делува како пилинг. Бричењето на лицето ќе ви помогне производите за кожа подобро да се апсорбираат, но и вашето лице подобро ќе ја прима шминката.

Наводно, бричењето на лицето е тајната за убавината на Елизабет Тејлор и Мерлин Монро.

Долго време се веруваше дека влакненцата со бричење стануваат погусти, но вистината е дека овој метод не поттикнува побрз раст на влакната и тие не стануваат посилни и погусти.

„Бричењето е работа на избор, но не може да ви наштети на никаков начин, бидејќи само механички се отстранува првиот слој од кожата и претставува еден вид на пилинг. Исто така, заблуда е дека влијае врз растот на влакната, и тоа важи за целото тело – од лицето до нозете. Мана може да биде тоа што секако многу брзо ќе се појават на површината, за ден-два“ – истакнува дерматологот Светлана Миниќ.

Доколку се одлучите да ги избричите влакненцата од лицето, мора да имате на ум дека женските влакненца се меки и нежни, па и кожата на лицето за тоа ќе мора да ја приготвите. Задолжително користете гел или пена за бричење (најдобро е да користете женски производи), но и правилен брич кој мора да биде многу квалитетен, бидејќи лицето е многу почувствително од другите делови на телото.