Потребни состојки:

2 средни тиквички или повеќе

Брашно, јајце, сол, црн пипер, шунка, кашкавал, 1 топка моцарела, масло, млеко

Постапка:

Од брашно, јајце и млеко направете смеса малку погуста од онаа како за палачинки, посолете и запиперете.

Тиквичките тенко исечете ги по должина, не ги солете и не ја цедете течноста, туку една лента по друга натопувајте ги во приготвената смеса, па пропржете ги во масло од двете страни.

Испржените тиквички редете ги на хартиена салветка да се впие вишокот маснотија.

Започнете со редење врз фолија: јас наредив по должина тиквички два реда, па шунка, кашкавал, моцарела. Внимателно завиткајте во ролат, добро завиткајте со фолија, рабовите добро завиткајте ги, па ставете во рерна да се пече 20-тина минути на 180 степени.

Потоа извадете од рерна и оставете малку да излади. Отворете ја фолијата, исечете и уживајте…

Тиквичките можете да ги наредете и во тркалезен калап слоевито…