Кога првпат ја пробав оваа салата многу бев изненадена од процесот како е направена и си реков, ова може да го направи само професионалец.
После мојата пријателка, која е многу креативна ми рече дека подготовката е многу лесна и едноставна, а салатата ја декорирала ќерка и која има само 15 години, значи толку е лесно.
И побарав рецепт, иако веќе знаев кои состојки се содржат, сепак таа детално ми објасни како ја подготвила.
Значи декорацијата не е воопшто тешка, потребно е само трпение бидејќи се лади во фрижидер неколку часа. Ако имате некоја пригода и сакате да ја подготвите оваа салата, тогаш е најдобро тоа да го направите од претходниот ден.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 парчиња пилешки гради со коска, 1200 мл вода, 1-2 моркови, 1 кромид, 1 лажичка сол и други зачини како коријандер и црн пипер по вкус, замрзнат грашок, маслинки, неколку зрна калинка, магдонос или некое друго зеленасто растение, 15 г желатин, 100 мл зовриена вода, 6 јајца од препелица или 3 обични.
ПОСТАПКА: во тенџере ставете 1200 мл вода и во неа додајте ги пилешките гради, излупениот морков и кромидот.
Вклучете ја ринглата на средна температура и кога ќе зоврие варете ги морковот и кромидот уште 20 минути, а потоа извадете ги од тенџерето.
Месото продолжете да го варите уште некое време додека убаво да се свари. Повремено отстранувајте ја пената која се создава на површината од водата. Додека ги варите сите состојки зачинете со сол, коријандер и црн пипер по вкус.
Кога месото ќе се свари извадете го на чинија, а подготвениот бујон процедете го. Настрана подгответе 15 г желатин измешан со 100 мл вода и оставете да се стегне некои 50 минути.
Потоа растопете на рингла или во микровална печка и додајте го во пилешкиот бујон.
Морковите исечкајте ги на кругови, а потоа од нив може со ситни модли да вадите форми (ова е опционално бидејќи салатата излегува декоративна и доколку морковите се исечкани на кругови).
Маслинките поделете ги на половина, ќе ви бидат потребни само неколку и извадете ја семката од нив.
Јајцата сварете ги настрана и пресечете ги на половина, а ако имате обични јајца тогаш на четвртини. Месото се чисти од коските и се сечка на најситно. Во сад со димензии 25х12 см ставете половина од пилешкиот бујон, 2-3 кутлачи.
На средина наредете 1 морков, па 1 јајце, па повторно морков, па јајце додека да ја исполните цела средишна линија. Околу морковите декорирајте со неколку зрна калинка, а околу јајцата со неколку ливчиња магдонос.
Прелијте одозгора со уште 1 кутлача бујон и ставете во замрзнувач малку да се стегне. Потоа извадете и наредете половина од пилешкото месо и потоа декорирајте ја тортата по страните со грашок, јајца и моркови.
Подетално како е декорирана салатата за овој рецепт може да погледнете во видеото подолу, но и да ја декорирате по ваше нема да погрешите. Се прелива со уште малку бујон, па се реди втората половина од месото и останатиот зеленчук и јајца.
На крајот завршувате со бујонот и покривате со стреч-проѕирна фолија.
Ставете го садот со салатата во фрижидер да се стегне околу 5-6 часа или преку ноќ, а потоа превртете ја на чинија и послужете како да сечете парчиња торта. Иако постапката може изгледа малку комплицирано, не е така.
Многу е декоративна за празнични трпези, а ако ви е полесно може да погледнете и самите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.