Ако имате две банани, не пропуштајте да го приготвите овој извонреден колач со неодолив мирис и вкус. Се приготвува брзо и доста едноставно, па ќе можат да го направат и почетници во кујната. Вториот рецепт што ќе го прочитате подолу, можеби е уште побрз и поедноставен од првиот, затоа што се користат кекси. Вие одберете кој повеќе ви одговара:

„Колач, толку мек со преубав мирис, а врвот е крцкав. Цела куќа мириса преубаво, а толку е сочен му нема рамен. Изгледа многу го испофалив колачот, но што да правам кога сè што кажав за него е вистина..” – вели Бригита.




Уверете се и сами и подгответе го овој колач, се подготвува за 5 минути, му нема рамен. Потребни ви се неколку грама лешници и 2 зрели банани, а на трпезата добивата неодолив десерт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 4 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 4 лажици врела вода, 2 лажици масло, 140 г мелени лешници, но може и ореви, 2 зрели банани, пресечени по должина. ЗА НАРОСУВАЊЕ: 40 г мелен лешник, малку шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Во поголем сад се ставаат јајцата, а потоа се додава шеќер и 1 ќесичка ванилин шеќер. Смесата се мати со миксер додека да се соединат состојките, а потоа додајте 4 лажици брашно. Брашното не мора да се просејува. Потоа додајте 1 кесичка прашок за печиво, па изматете со жица за матење до убаво соединување, да не се формираат грутчиња од брашното.




Додајте 4 лажици врела вода и 2 лажици масло и повторно промешајте. При крајот се додаваат мелените лешници. Даваат преубав вкус на колачот, но доколку немате лешници може да додадете и ореви или мешано. Рерната претходно се загрева на 180 степени. Добро соединетата смеса за кора се прелива во калап со димензии 22×22 см, малку намастен и набрашнет.




Смесата добро се подредува и се измазнува, сегде подеднакво. Се остава да отстои на собна температура 2 – 3 минути, а потоа се редат 2 зрели цели банани, пресечени на половина. Доколку сте сочувале малку од смесата, прелијте преку бананите.

Доколку не го сакате вкусот на банани, може да ставите и замрзнато овошје како јагоди, малини или свежи праски.. Врз смесата се наросува со 40 г мелени лешници и малку шеќер. Се става да се пече околу 30 минути. По печењето, се остава да отстои 5 минути малку да излади, а потоа се сече и веднаш се јаде цел.




Јас го правам секогаш кога ми се јаде нешто слатко, а не се валкаат премногу садови и времето што ми одзема за да го подготвам е 5 минути. Останатото е печење. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ: Брза банана торта за 15 минути. Брза, евтина и количински доста излегува, а ќе го воодушеви секој што ќе ја проба. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г банани, 3 кесички шлаг во прав, 400 г кекси по ваш избор, 100 мл млеко. Други потребни состојки: 125 мл млеко, 2 ќесички шлаг во прав, 50 г бело чоколадо, 50 г темно чоколадо.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го млекото, кратко натопувајте ги биксвитите во него, една по една и редете ги калап или плех со димензии 24х24 см. Во друг подлабок сад ставете ги излупените банани и со помош на виљушка испасирајте ги (или користете блендер).




Во пирето од банани истурете три кесички шлаг пена во прав и добро изматете со миксер додека смесата да стане кремаста и воздушеста. Ставете третина (три-четири полни лажици) од кремот врз подлогата од биксвити и рамномерно распоредете и израмнете.




Откако ќе го израмните филот, одозгора наредете уште еден ред биксвити, исто така, претходно по малку натопени во млекото. Ставете повторно три – четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете ја површината. Наредете и трет слој бисквити.




Секоја бисквита кратко натопете ја во млекото за да омекне. Одозгора нанесете повторно три – четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете. Наредете четврти ред бисквити (малку натопени во млеко), па целиот колач оставете го во фрижидер да се олади еден час.




За тоа време бисквитите ќе омекнат убаво, а кремот ќе се стегне. После тоа време изматете го шлагот за декорација од 125 мл ладно млеко и две ќесички шлаг во прав. Обложете ја целата торта со шлагот, а одозгора декорирајте ја со по 50 г рендано темно и бело чоколадо.

Вака приготвената торта вратете ја во фрижидер да се олади уште еден час. За побрзо можете да ја ставите 15 минути во замрзнувач. После тоа време можете да ја пресечете и да ја послужите.