Дали сте спремни за полнети палачинки запечени во рерна? – РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

500 мл млеко

4 јајца

200-300 г брашно

Малку масло и сол

200 г сирење

200 мл јогурт

1 лажица павлака

Малку кашкавал

Малку млеко

Постапка:

Изматете 2 јајца, додадете половина млеко, малку масло, брашно, па измешајте добро за да нема грутчиња. Додадете го остатокот од млекото и добро изедначете да се добие поретко тесто. Печете не многу тенки палачинки.

Сирењето издробете го, додадете едно јајце и изедначете. Во секоја палачинка ставете по една лажица сирење, свиткајте ги да добиете четвороаголна форма и редете ги во подмачкан плех.

Изматете го последното јајце, додадете јогурт и малку млеко, измешајте и прелијте преку палачинките.

Одозгора изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 35 минути.

Претходна статијаКако да се излечи воспаление на грло за еден ден
Следна статијаЕве како пушачите да го намалат ризикот од рак на белите дробови