Режимот на исхрана кој стекна огромна популарност, бидејќи со него се слабеат 2 килограми за пет дена, го осмисли кардиологот Херман Тарновер за потребите на своите пациенти, па поради тоа се смета за медицинска диета.
Важно е да се напомене дека диетата може да се држи максимално три до пет дена. Ако и после три циклуси имате вишок кој би сакале да го елиминирате, претходно мора да направите пауза од 15 дена.
Количината и распоредот на намирниците не смеете да ги менувате, бидејќи доколку сакате да постигнете резултати, мора да се придржувате на упатствата.
За појадок секој ден е предвидено: еден портокал, четири крекери и шолја кафе или чај без шеќер, додека ручекот и вечерата секој ден се менуваат.
ПРВ ДЕН
Ручек: портокал, варено јајце, ½ шолја јогурт.
Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, краставица или зелена салата.
ВТОР ДЕН
Ручек: портокал, варено јајце, домат, ½ шолја јогурт.
Вечера: плескавица (125 г мелено месо), портокал, шолја кафе или чај без шеќер.
ТРЕТ ДЕН
Ручек: портокал, варено јајце, ½ шолја јогурт, зелена салата или две краставици, напиток без шеќер.
Вечера: плескавица (125 г мелено јунешко месо), портокал, четири крекери, шолја кафе или чај без шеќер.
ЧЕТВРТТИ ДЕН
Ручек: 125 г немасно сирење, домат, четири крекери
Вечера: плескавица (125 г мелено јунешко месо), четири крекери, 2 домати, јаболко
ПЕТТИ ДЕН
Ручек: 200 г варена риба или пилешко, четири крекери, домат
Вечера: 500 г варен зеленчук, варено јајце, домат.