Дајте му шанса: банана напиток за слабеење – ем вкусен, ем корисен

loading...

Доколку планирате да ослабите, потребно е да го редуцирате внесот на намирниците, а секако и да го намалите внесот на шеќери, па дури и шеќерот од овошјето.

-Иако многумина ќе кажат дека бананите се овошје што треба да се избегнува при диета, доколку сакате да изгубите некој килограм пред летните месеци, тогаш бидете сигурни дека тие се вистинскиот избор-

За среќа, бананата е пожелно да се јаде дури и кога сте на диета, иако содржи незначително повеќе калории од другото овошје, бидејќи таа содржи големи количини на калиум, како и супстанции кои помагаат во исфрлање на вишокот вода од телото.

loading...

Исто така, бананите го забрзуваат метаболизмот, а особено ако ги комбинирате со спанаќ или ленено семе.

Ако сакате да се ослободите од салото на стомакот, ви предлагаме да го подготвите овој вкусен и корисен напиток. Основни состојки за приготвување на овој напиток се: 1 банана, 1 нелупено јаболко ако е непрскано, 1 портокал, сок од 1 лимон и третина чаша вода. Но, овој напиток го подобривме и унапредивме!

Потребни состојки:

– 1 банана

– 1 портокал

– ½ шолја немасен јогурт (кефир)

– 1 лажица кокосово масло

– ¼ лажица мелен ѓумбир

– 2 лажици ленено семе

– 2 лажици протеини во прав (сурутка, протеин од грашок или друг протеин)

ПОСТАПКА

Едноставно помешајте ги сите состојки во блендер. Кратко испасирајте и добивате вкусен напиток. Испијте го овој напиток наутро на празен стомак, веднаш по пиењето на една чаша млака вода.

Калиумот како примарна состојка на бананата, покрај другото, ќе го спречи и ризикот од мозочен удар.

Покрај тоа, природните шеќери како фруктозата, сахарозата и глукозата се одличен извор на енергија за вашето тело, па со консумирање токму на бананите, ќе го елиминирате лажното чувство на глад што често нѐ доведува до внесување на различни закуски.

Бананите се користат и како главна состојка во диеталните напитоци во кои се додаваат и различни семки, друг вид овошје и претежно спанаќ како природни „непријатели“ на мастите.

Покрај тоа што ваквите напитоци се неверојатно вкусни, тие ќе му ги овозможат на вашето тело потребните витамини и минерали.

Ви предлагаме уште три вкусни напитоци од банана кои многу ќе му помогнат на вашиот метаболизам, а и ќе ви овозможат енергија во текот на целиот ден.

Напиток бр.1

Потребни состојки:

-Една банана

-Еден портокал

-Две мали лажички сурутка во прав

-Две мали лажички ленено семе

Напиток бр.2

Потребни состојки:

-Една банана

-Една шолја свежо овошје по избор (боровинки, малини, брусница)

-Една мала лажичка мед

-Една мала лажичка рендан ѓумбир

-Половина шолја млака вода

Напиток бр.3

Потребни состојки:

-Една банана

-200 г свеж спанаќ

-Половина шолја јогурт со низок процент на масленост

-Третина шолја овесни снегулки

-Една мала лажичка мед

Подготовката за сите овие здрави напитоци е сосем иста. Ставете ги сите состојки во блендер и добро измиксајте ги.

Напитоците може да ги консумирате помеѓу оброците или пак за вечера, иако најдобро ќе се чувствувате доколку истите ги испиете за доручек, бидејќи тогаш организмот најдобро апсорбира и ги препознава состојките што ги внесувате.

На овој начин, овие напитоци ќе направат вистинска инвазија на вашите масни наслаги наталожени околу струкот!

loading...