Фотографија и рецепт на Злата Рибиќ

Малку наликува на медено срце и по вкус и по изглед. Подолу има уште еден рецепт со видео, речиси идентичен на претходниот.

Потребни состојки: 1 чаша (од 200 мл) јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша шеќер*, 2 јајца, 6 лажици масло, 1 лажица сода бикарбона, 1 чаша џем/мармалад, брашно по потреба, да не биде тестото многу густо. *Кој сака послатко, може да додаде уште ½ чаша шеќер

Постапка: изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го млекото и јогуртот. Продолжете со матење па додајте го маслото и мармаладот. На крај додајте го брашното помешано со сода бикарбона и добро промешајте за да нема грутчиња.

Рерната загрејте ја на 200 степени, а смесата излејте ја во калап со средна величина. Ставете да се пече и веднаш намалете на 180 степени и печете околу половина час.

Печениот колач можете одозгора да го премачкате со тенок слој мармалад, чоколадна глазура или да го наросите со шеќер во прав.

Речиси идентичен рецепт, но во овој рецепт брашното е помешано со гриз:

Потребни состојки: 3 јајца, 1 шолја џем, 1 шолја шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја гриз, 1 шолја брашно, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво

Колачот може да се послужи топол и многу е вкусен. Постапката можете да ја погледнете во видеото подолу: