Сите ние понекогаш се наоѓаме на границата помеѓу исцрпеност и немоќ, физички и психички замор.. Нема човек кој не почувствувал замор, состојба на слабост. Но, дали некогаш сте се обиделе да го „победите” хроничниот замор со прекумерно спиење?

Д-р Сандра Далтон-Смит, сертифициран доктор по интерна медицина, советува дека на човекот му се потребни 7 видови на одмор, а не еден викенд исполнет со многу обврски.

„Спиењето и одморот не се иста активност, иако многумина од нас погрешно ги мешаат овие два поими. Животот го поминуваме мислејќи дека сме одмориле затоа што сме се наспале преку ноќта – но во реалноста пропуштаме други видови одмор што очај-но ни се потребни.

Занемарувањето на одморот привлекува негативни емоции како нерасположеност, а гресија, хронични болести… Луѓето стра-даат од дефицит на одмор затоа што не ја разбираат вистинската моќ на одморот“, започнува Сандра.

„Одморот не значи само состојба на мирување, напротив тој треба да ви ги врати „силите”, а тоа се постигнува преку седум клучни области од вашиот живот. Првиот тип на одмор што ни е потребен е физичкиот одмор, кој може да биде пасивен или активен.

Пасивниот физички одмор вклучува спиење и починка, додека активниот физички одмор значи реставративни активности како што се јога, истегнување, масажа, кои помагаат да се подобри циркулацијата и флексибилноста на телото.

Вториот тип на одмор е ментален одмор. За да се одморите психички, за жал нема да ви помогнат седум или осум часа сон во текот на ноќта. Безразлика колку сте спиеле, мислите кои ве „мачат”, само ќе ви ја полнат главата и постојано ќе бидете замислени и нерасположени.

На пример, доколку работата ви предизвикува с трес, правете кратки пауза на секои 2 часа во текот на вашиот работен ден и фокусирајте се на нешто друго што ве исполнува. Исто така, доколку ве го-нат негативни мисли, започнете да ги запишувате во тетратка и таму да ги „закопате.”

Третиот тип на одмор што му е потребен на секој човек е сензорниот одмор. Многу светли сијалици, компјутерски екрани, бучава во позадина и чести разговори – без разлика дали сте во канцеларија или дома – може да предизвикаат вашите сетила да бидат преоптоварени.

Овој одмор може лесно да го постигнете ако отидете во некоја тивка соба која нема електронски уреди и да ги затворите очите на 1 минута. Доколку е потребно, практикувајте го овој метод повеќе пати во текот на денот.

Четвртиот тип на одмор е креативен одмор. Овој тип на одмор е особено важен за секој човек. Креативниот одмор повторно ја буди креативноста, имагинацијата и ги „раздвижува“ мислите. Овој тип на одмор подразбира, вршење на некоја активност што отсекогаш ви била омилена, како на пример шетање во парк или шума, гледање во дрвјата..

Но, креативниот одмор не значи само поминување време во природа. Тука се вклучува и уживање во уметноста. Сликајте, фотографирајте, одгледувајте цвеќиња, читајте и анализирајте некои уметнички дела.. Овој тип на одмор е особено важен бидејќи има влијание како решавање на загатка во вашиот мозок.

Петтиот тип на одмор, најчесто се поврзува со шестиот. Тука се вбројуваат емоционалниот и социјалниот одмор. Доколку постојано им удоволувате на другите, а никој не ве прашал вас како сте, потребно е да се оттргнете од овие луѓе, и да се „наполните“ со вашата енергија.

Понекогаш луѓето не знаат за граници и постојано ќе бараат нешто од вас, без разлика дали се работи за семеен однос или пријател. Вие сте оние кои одлучувате кога е потребно да ги вратите вашите сили.

Ако ви треба емоционален одмор, веројатно имате и социјален дефицит. Ова се случува кога не успеваме да направиме разлика помеѓу врските кои се здрави за нас и оние кои не исцрпуваат. За да се одморите на социјално ниво, опкружете се со луѓе кои ви се вам пријатни, со кои имате квалитетни разговори и си поминувате убаво време заедно.

Последниот тип на одмор е духовниот одмор, што е способност да се поврзете надвор од физичкото и менталното и да почувствувате длабоко чувство на припадност, љубов, прифаќање и цел.

д-р Сандра Далтон-Смит

Како што можете да видите, само спиењето не може да ве обнови до тој степен што ќе се чувствувате одморени на физичко и емоционално ниво. Разграничете си го времето и дозволете си одмор во текот на денот најмалку 15-тина минути. Говорот кој го одржа Сандра за ТЕД погледнете го во видеото ОВДЕ.