Предраг Ненадиќ е доктор по природна медицина и дипломиран нутриционист. Својата професија и знаење ги усовршил во Германија. Отсекогаш се знаело дека холестеролот најмногу се појавува исклучиво преху храната која ја јадеме, но д-р Предраг Ненадиќ го вели следното:

„Проблемот со замастен црн дроб не доаѓа од мрсната храна. Тоа се огромни заблуди во кои веруваат многу луѓе. Црниот дроб го трансформира вишокот шеќер кој го внесуваме во масно ткиво.

Холинот (витамин Б4), кој се наоѓа во сланината, јајцата и месото, го дистрибуира тој холестерол и не дозволува, да остане во црниот дроб, туку го пренесува во масното ткиво и така добиваме поголем стомак, з адник.. Но, постои и друг вид на заболен црн дроб:

д-р Предраг Ненадиќ

Ова е таканаречениот безал-кохолен замастен црн дроб. Тој замастен црн дроб тогаш не може да ја извршува својата функција, не може да го исчисти нашето тело од ток-сини, не може да деток-сицира штет-ни материи.

Тоа ќе го забележиме така што ќе почнат да ни се појавуваат акни и мозолчиња на кожата, ќе ни се зголеми првутот, ќе почнат да ни се лупат ноктите, ќе не чеша телото..

Замастен црн дроб не се создава од храната што ја јадеме. Кога велат: „Јас не сакам да јадам јајца, ќе добијам холестерол!“ Ова се чисти небулози! Една третина од храната делумно влијае на холестеролот, се останато доаѓа од самиот црн дроб.

Второ, холестеролот не е нешто што природата го создала против човекот. На човекот му треба холестерол бидејќи се синтетизираат многу хормони од него, се создава и клеточната мембрана, едноставно холестеролот му е неопходен на човекот! Но, кога го има во поголема количина, лошиот, со мала густина – ЛДЛ холестерол – тогаш имаме проблем.

Триглицеридите не доаѓаат од мрсна храна, туку од шеќер, јаглехидрати, прекумерно консумирање на овошје! Ако имате триглицериди, а не сте јаделе свинско месо, но сте јаделе овошје, многу леб, печива, рафинирано брашно, тоа е проблемот“, наведува докторот.

Па, како да го исчистите телото и да го стабилизирате холестеролот?

„Се е во храната! Многу е важно да се води уреден и балансиран живот. Пиење на многу вода. Црниот дроб сака многу вода – тоа е клучно! Треба да внесуваме оптимални количини растителни влакна, растворливи и нерастворливи. Треба да јадеме храна што му одговара на црниот дроб, да користиме горчливи билки како што се линцура, глуварчето, коренот од чичок итн.

Ако имате високи триглицериди, исфрлете ги сите јаглехидрати и сите вештачки шеќери – јадете храна богата со здрави масти (домашни масти, маслиново масло, ладно цедено растително масло, храна богата со холин (сланина, јајца), јадете лосос, скуша, едноставно сè што содржи здрави масти.

Црниот дроб не може да се чисти со сокови, особено не со оние што ги купувате. Но, сок кој е домашно направен, природен може да ви помогне во чистењето на замастен црн дроб, како на пример сокот од цвекло, морков и јаболко.

Не треба да се пијат купечки сокови бидејќи содржат фруктоза која најмногу предизвикува дебелеење. Фруктозата дава сладост на производот, но го дебелее телото, создава масти и ги зголемува триглицеридите и холестеролот.

Оваа фруктоза не е иста како онаа што ја има во природните сокови. По структура е иста, но фруктозата што се внесува во индустриските производи, се прави од пченка (тоа е таканаречен гликозно-фруктозен сируп), не се добива од овошје.

И не сите овошја безбедни. Да речеме дека најдоброто овошје се бобестото овошје. Бобинките содржат фитонутриенти кои ги спречуваат активностите на шеќерот да му наште-ти на телото. Постепено го разградуваат шеќерот и не го зголемуваат гликемискиот индекс.

д-р Предраг Ненадиќ

Од друга страна, инсулинот е голем проблем за нашето здравје и за деток-сикација и црниот дроб. Штом инсулинот е покачен, мастите се таложат во телото. Не можете да ги ели-минирате мастите од телото и црниот дроб ако вашиот инсулин е висок. И инсулинот е секогаш висок кога внесувате шеќери и јаглехидрати (пити, леб, колачиња).

И што се случува тогаш: кога има голема количина на шеќер во телото, тој се враќа во црниот дроб и потоа се зачувува како резерва, не се троши од страна на организмот.

Па кога ќе има доволно холин, се таложи во масните ткива, а кога нема холин, тогаш триглицеридите и лошиот холестерол „скокаат“ во телото и настанува проблем. Вака се добива холестерол и триглицериди, а не преку свинското месо и лебот“, завршува докторот.