Може да се каже дека д-р Шигеаки Хинохара е одговорен за долговечноста на Јапонците, бидејќи советите на овој јапонски доктор многу придонесоа за неговата нација да живее среќен и квалитетен живот.




Тој п очинал на 18 јули 2017 година, на 105 – годишна возраст и оставил наследство од многу вредни знаења за несфатливата тајна на долгиот живот на целиот свет. Хинохара, исто така, помогнал да се воспостават медицинските системи, и благодарение на него, Јапонците станаа еден од најдолговечните народи во светот.




Речиси до неговата с мрт, д-р Хинохара работел во болница, лекувал пациенти и предавал на ученици. Еве ги неговите 10 златни совети за постигнување долг, здрав и квалитетен живот.




Овој јапонски лекар живеел 105 години и работел активно до неговата с мрт, грижејќи се за своите пациенти. Тој бил шеф на пет фондации и претседател на Меѓународната болница Св. Лука во Токио. Тој, исто така, вовел годишни, сеопфатни медицински прегледи во Јапонија, што придонел за зголемување на животниот век.




Д-р Хинохара работел 18 часа дневно, седум дена во седмицата! Ова се неговите правила за долговечност: Енергијата доаѓа од добро чувство, а не од здравата исхрана и многу сон.




„Сите се сеќаваме дека кога бевме деца често заборававме да јадеме или да спиеме, доколку се заигравме. Верувам дека можеме да одржуваме таков став и како возрасни – најдобро е да не го мачиме телото со премногу правила, како што се јадење и спиење, иако ова се многу важни процеси“, објаснил д-р Хинохара. Тој верувал дека возрасните треба да ја имаат енергијата на детето во себе.




Пазете се од дебелина

Д-р Хинохара постојано нагласува дека луѓето кои немаат вишок килограми живеат до 100 години, па затоа треба да обратите внимание на вашата тежина и физичка состојба.

Не треба да се оптоваруваме со храна, но сепак треба да внимаваме да не се прејадуваме. Тој верува дека маслиновото масло е одлично за кр-вта, ги чисти кр-вните садови и одржува здрава кожа.




„За појадок пијам кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со лажица маслиново масло, некои интегрални колачиња, или воопшто не јадам кога сум зафатен. „Ручек – зеленчук, понекогаш риба и ориз, а јас јадам 100 г месо двапати неделно“, открил докторот.




Планирајте однапред

Хинохара секогаш имал целосен распоред за следната година, па дури и планирал уште повеќе за во иднината. Тој навистина се радувал за Олимпијадата во Токио 2020. За жал, не ја дочекал, но неговиот однос кон животот и плановите покажувале колку бил оптимист, што е исто така многу важен момент за долговечност.




Не треба да се пензионирате доколку не сакате

„По 65 години, кога се пензионирав, почнав да волонтирам. „Се уште учам и посетувам пациенти, дури и 18 часа дневно, и уживам во секоја минута од мојата работа“, рекол Хинохара. Ако некое лице се уште сака да работи – нека работи. Ако не сака, нека се пензионира и посвети на она што сака да го работи.




Споделете ги вашите знаења и вештини со другите

Хинохара одржал околу 150 предавања годишно. Секогаш стоел додека држел предавања, а неговите предавања понекогаш траеле и по 90 минути. Тој рекол дека стоењето го прави посилен.

Не верувајте во се што ви кажува вашиот лекар

Д-р Хинохара верувал дека лекарите не можат да ја излечат секоја болест и секој пациент. Тој предложил, доколку докторот ви препише терапија или преглед, да го прашате дали истото ќе им го препорача на своите роднини.

Ако одговорот е не, тогаш зошто да се изложувате на непотребен с трес и стра-дање? Тој верувал дека животните и музиката имаат големо влијание врз лекувањето, многу поголемо отколку што знае официјалната медицина.

Секогаш пешачете и носете си го сами багажот

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и насекаде качувајте се по скали и обидете се да го понесете багажот со вас. Хинохара се качувал по скали цел живот и секогаш скокал преку една скала. Скалите и одењето се секојдневни вежби за срцето и целото тело.

Инспирирајте се секој ден, пронајдете инспирација

Прочитајте, пронајдете писатели во литературата што ве инспирираат. Така постапувал и Хинохара. Неговата најинспиративна песна била од Роберт Браунинг – Абт Воглер. Не треба да се фокусирате само на литературата. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа.

Б олката е мистериозна

Најефикасниот начин за надминување на б олката е да се забавувате. Кога детето е повpедено поради нешто, ќе плаче додека нешто друго да го привлече неговото внимание. Тогаш тој ќе ја заборави б олката и ќе си поигра со она што го привлече неговото внимание.

Ова треба да го направат возрасните. Б олката треба да се надмине со одвлекување на вниманието. Тој верувал дека терапевтските кучиња и другите животни треба да бидат почесто присутни во болниците, а исто така верувал дека слушањето музика може да им помогне на пациентите да се справат со б олката.