Помладете ја кожата (против брчки) со техника на тапкање/масажа на лице. Тапкањето и масажата на лицето ќе помогнат да се минимизира стареењето на кожата и брчките.
На клетките на кожата им е потребна добра циркулација за заздравување, а тапкањето ја стимулира циркулацијата на крвта, што е поврзано со производството на колаген и подобрување на лимфната дренажа.
Д-р Џун ќе ви ја покаже својата секојдневна рутина. Ако го правите ова секој ден, вашето лице ќе изгледа помладо.
„Здраво, јас сум доктор Џун Рејс, вашиот физиотерапевт од Њујорк. Јас сум во средината на 40-тите години, но изгледам за 10-15 години помладо, се разбира, поради комбинација од здрава исхрана, хидратација помеѓу осум до девет чаши вода..
А, исто така спијам со длабок сон седум до девет часа редовно. Меѓу другото важен е и витаминот Ц во комбинација со хидратантен крем за нега и крем со заштитен фактор и сето ова во комбинацијата со тапкање и масажна техника која стимулира неврофизиолошко дејство.
Ова е важно, зашто ако не применувате стимулација со текот на времето започнува забрзано стареење на кожата.
Имено, со примена на оваа техника, слободните нервни завршетоци и сензорните премини до централниот нервен систем стимулираат зголемено производство на еластин и колаген а исто така, ја зголемувате циркулацијата на крвта кога ја масирате кожата.
Мускулите ја зголемуваат циркулацијата на крвта, се стимулира лимфна дренажа, така што штом ќе ги стимулирате лимфните јазли, започнува лимфна дренажа и на тој начин ги отстранувате токсините и отоците.
Рацете и кожата на лицето мора да бидат совршено чисти кога се применува техниката и да се користи некои масло кое ќе овозможи полесно лизгање и изведување на масажата. Постапката за тапкање и масажа можете да ги погледнете од 1:45 во видеото подолу: