Home Супи и чорби ЦАРСКА ЧОРБА КОЈА СИТЕ ГИ ЛЕКУВА…Совршена за вкусен оброк набрзина…

ЦАРСКА ЧОРБА КОЈА СИТЕ ГИ ЛЕКУВА…Совршена за вкусен оброк набрзина…

ЦАРСКА ЧОРБА КОЈА СИТЕ ГИ ЛЕКУВА…Совршена за вкусен оброк набрзина…Многу вкусно јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 главица кромид
1 морков
3 компири
300 г зелка
5 кисели краставички
750 мл – 1 литар зеленчуков булјон (супа)
магдонос, копар, сол, црн пипер

И уште:
100 г кисела павлака/цврст јогурт
100 мл вода
1 лажица брашно

ПОСТАПКА:

1.Во големо тенџере на малку масло запржете го ситно сечканиот кромид. Потоа додајте го морковот исечкан на коцкички и продолжете со динстање. Следни додајте компирите исечени на коцки со големина на залак.

2.Додајте ја ренданата зелка, па киселите краставички исечкани на тркалца и залијте го булјонот. Промешајте, поклопете и доведете до вриење.

3.Додајте ситно сечкан магдонос, намалете го огнот, поклопете и гответе 15-тина минути или додека компирите да омекнат.

4.Додајте ја павлака и брашното растворено во вода. Промешајте и гответе на тивко уште 5 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/OnfU41dcRNI?si=mHxDuYWB5mWgCZfW