Верувале или не, храната од вашата кујна многу пријатно делува и на вашите цвеќиња. Многу намирници како и остатоците од готвењето делуваат како храна за ceченото цвеќе во вазна, но и за собните и балконски цвеќиња.




Ceченото цвеќе сака лимонада, па во вазната ќе остане свежо и 10-тина дена подолго ако во водата ставите сок од половина лимон или изматете витамин Ц во прав. Истото ќе го постигнете и доколку во водата додадете acпирин, односно 2 лажици јаболкова киселина и 2 лажици шеќер. Тоа ќе остане посвежо ако пред ставањето во вазната малку го потceчете под кос агол.




Ружите (и останатото цвеќе) на кои им свенале цветовите бидејќи веднаш не сте ги ставиле во вода, повторно ќе се исправат и oживеат ако нивните стебленца накратко ги ставите во врела вода.

Но, бидејќи ceченото цвеќе не го сака испарувањето од овошјето, покрај вазната никогаш не чувајте сад со овошје, бидејќи тоа брзо ќе овене. Понатаму, водата во вазната нема никогаш да замириса лошо ако во неа ставите парче јагленче.




Собните цвеќина во саксија особено оние со раскошни големи зелени листови, го сакаат пивото. Нивните листови ќе станат сјајно зелени кога со сува крпа ќе ги избришете од прашина, а потоа ќе ги премачкате со раствор од пиво и млака вода во однос 1:1.




Пивото кое ви останало и изветреало, како и минералната вода, црниот чај и искористените филтер кесички од чај, не ги фрлајте бидејќи се идеално ѓубриво за сите видови саксиски цвеќиња, па затоа не ги фрлајте, туку додадете ги во водата за полевање.




Собните и балконските цвеќиња можете да ги полевате и со талог од кафе и водата во која се варел компир или јајца. Исто така можете во водата за полевање да додавате и лушпи од јајца и да ги оставите така да отстојат преку ноќ, но и свеж или сув квасец.




Саксиските цвеќиња, но и градинарските, подобро ќе напредуваат и цветаат ако земјата околу нив ја обложите со кори од банани кои исто така се многу ефикасно ѓубриво. Ако сакате папратот да биде особено убав и раскошен, во водата со која го полевате еднаш седмично додајте малку млеко.




За разлика од сеченото цвеќе, саксиското го сака јаболкото, па парчиња јаболко можете да закопате во земјата, бидејќи тоа е идеално ѓубриво кое особено го поттикнува цветањето.

Со храната можете да се бо-рите и против цветните штетници, па да ја користите и како превентива – во земјата втиснете чешне лук. Ако случајно сте задоцниле и се појавиле растителни вошки, тогаш пригответе препарат од лук со кој трипати седмично ќе го прскате цвеќето:

во ладна вода ставете ситно сечкан лук и оставете да отстои еден ден. Процедете и течноста складирајте ја во шише со распрскувач. Исто така може да послужи и течноста во која сте вареле лушпи од кромид.




Љубителите на собни цвеќиња знаат дека понекогаш е многу тешко одржувањето на поедини видови, па колку и да се трудите околу нив, тие постојано венеат и не можат да ја покажат својата убавина во полн сјај.

Колку повеќе цвеќиња имате дома, толку повеќе ќе бидете задоволни и расположени. Билките го одбиваат стресот и негативната енергија, а го разубавуваат домот. Затоа, никогаш не се откажувајте од своите билки.

Дали ви се случило некогаш, вашата омилена билка од непознати причини да почнала да се суши? Не очајувајте и не брзајте да се збогувате со неа. Ви предлагаме проверен начин со кој ќе ја вратите вашата билка во живот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кора од банана, 2-3 лажици мелено кафе, лушпа од 3 јајца, 1 литар вода. ПОСТАПКА: Сите состојки изматете ги во блендер додека да добиете изедначена смеса. Водата додавајте ја постепено, по потреба.

Со оваа смеса заѓубрувајте ја билката еднаш седмично. Повремено ставајте талог од кафе растворен со вода. Исто така, корисно е одозгора, врз земјата да наросите и мелени лушпи од јајца. За кратко време вашата омилена билка повторно ќе биде бујна и зелена.