Најубавиот старински колач со жолт фил. Овој рецепт не смее да падне во заборав. Неверојатен вкус!

Потребни состојки: 350 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 јајца, 1 лажица сок од лимон, 400 мл млеко, 150 мл масло, 200 г мелени ореви, 400 г брашно, 1 прстофат сол и 1 прашок за печиво. За жолт фил: 700 мл млеко, 100 г шеќер, 2 пудинг од ванила и 125 г путер или маргарин.

За кафеав фил: 700 мл млеко, 100 г шеќер, 2 пудинг од чоколадо и 125 г путер или маргарин. Постапка: Јајцата измиксајте ги со шеќерот, ванилин шеќерот и сокот од лимон додека смесата да посветли и стане пенлива. Постепено додавајте млеко додека истовремено миксате.

Намалете ја брзината на миксерот, па додадете масло и мелени ореви. Во брашното додадете малку сол и прашок за печиво, промешајте, па додавајте го во претходната смеса истовремено миксајќи.

Подгответе плех со димензии 35х30 см, намастете го и набрашнете го, а вишокот брашно истресете го. Излејте ја приготвената смеса и ставете во загреана рерна на 170 степени да се пече околу половина час.

По изминатото време исклучете ја рерната и оставете го колачот уште 10 минути со подотворена рерна. Потоа извадете го и оставете го да се лади 20 минути. Бисквитот пресечете го хоризонтално (погледнете во видеото) за да добиете две големи, а тенки кори.

Пригответе го пудингот од ванила вообичаено: Прашокот разматете го во малку млеко, а остатокот ставете го на оган заедно со шеќерот, па кога ќе зоврие додадете ја смесата со постојано мешање додека да згусне. Додадете го путерот и мешајте додека да се растопи и соедини со пудингот. Прелијте го топол врз пресечената половина.

Водете сметка, пресекот на двете кори да гледа кон горе кај двете креми, за полесно да бидат впиени. Откако рамномерно ќе го распоредите жолтиот фил и ќе го израмните, поклопете го со втората кора.

На ист начин пригответе го кафеавиот фил и рамномерно распоредете го врз кората. Израмнете и одозгора наросете сечкани ореви. Оставете целосно да излади, најдобро преку цела ноќ. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.