Кремаст, воздушест и превкусен колач од чоколадо кој сите ќе ве воодушеви. Одлично се сече, па можете да го послужите како торта или како колач. Ова е едно вистинско чyдо од чоколадо кое се топи во уста. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици масло, 6 лажици вода, 6 лажици млеко, 6 лажици брашно, 2 лажици какао во прав, 1 кесичка прашок за печиво (12 г), путер, 250 мл вода, 5 лажици шеќер, 500 мл слатка павлака, 300 г чоколадо (за готвење или по желба)




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете пет јајца и додајте шест супени лажици шеќер. Пенасто изматете ги јајцата со миксер додека шеќерот да се растопи, а смесата да згусне и осветли, за што е потребно околу 5-7 минути.




Во пенасто изматените јајца додајте шест супени лажици масло, шест супени лажици вода и шест супени лажици млеко. Продолжете со матење со миксерот уште една минутка, колку да се изедначат додадените состојки.




Потоа преку сито додајте шест супени лажици брашно, 2 супени лажици какао во прав и една кесичка прашок за печиво (12 г). Повеќе не ви е потребен миксер, а сувите состојки промешајте ги со лажица или шпатула.




Мешајте неколку минути додека да се изедначат состојките и да добиете хомогена, пенлива, полутелна смеса. Плехот со димензии 20х30 см добро намастете го со несолен путер или маргарин.




Излејте ја смесата во подготвениот калап, а потоа потчукнете го малку за да излезат евентуални воздушни меурчиња. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.




Печениот колач оставете го да се олади. За тоа време пригответе го шеќерниот сируп за преливање. Во едно помало тенџере ставете 250 мл вода и додајте 5 супени лажици шеќер. Промешајте и откако ќе зоврие варете го сирупот 1 минута.




Сварениот сируп оставете го настрана да се подизлади 10 минути. Оладениот колач прелијте го со топлиот сируп, а потоа оставете го настрана да се олади целосно. Потоа пригответе ја чоколадната глазура:




Во тенџере на умерена температура ставете да се загрева 500 мл слатка павлака (хопла), но внимавајте да не ви зоврие. Во топлата павлака додајте 300 г квалитетно чоколадо за готвење, искршено на коцки. Промешајте додека да се растопи, па оставете 20 минути да се олади. Прелијте го врз колачот и оставете го 3 часа во фрижидер пред послужување.