Чудесна маска за нега на кожата околу очите – ја избелува кожата, ги пегла брчките и подочниците

Маската со компир е одлична подмладувачка маска за нега на кожата околу очите. Одлично ја ревитализира кожата, елиминира отоци, брчки, подочници и подуеност на кожата.

Делува исклучително нежно на кожата под очите, без иритација, а погодна е за сите типови на кожа и нема контраиндикации.

Доволно е двапати седмично да ја примените оваа едноставна маска и кожата околу очите, ќе осветли, ќе стане мазна, затегната и еластична. Компирот го содржи ензимот катехол кој често се користи во козметички препарати за избелување на кожата. Пробајте, не е тешка за приготвување, но навистина е чудесна.

РЕЦЕПТ:

За приготвување на оваа маска ќе ви бидат потребни 2 супени лажици ситно изрендан сиров компир и 2 парчиња газа (или туфери).

Изренданиот компир ставете го на приготвените парчиња газа ( по 1 лажица на секое парче) и оваа маска нанесете ја на подрачјето околу очите. Оставете ја да делува околу 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската и измијте се со млака вода или со чај од камилица. Маската нанесувајте ја 2-3 пати седмично.

Што се однесува до контраиндикациите при користење на оваа маска, тие едноставно не постојат.