Тања ни го откри нејзиниот чудеcсен крем за лице кој се приготвува исклучиво од природни состојки кои секој ги има дома во својата кујна. Кожата е нашиот најголем орган на телото кое трпи најмногу надворешни, но и внатрешни влијанија.

Сè низ што поминуваме во текот на животот останува запишано на кожата, а особено на кожата од лицето. Секоја грижа, секоја насмевка, секоја тага или нервоза…останува запечатена во вид на брчки на лицето.

Исто така, внатрешните болести можат да се отсликаат врз изгледот на кожата. Па така, таа може да пожолти, да поцрвене, да се нафрла, да чеша, да се лупи во вид на првут, да испука од сувост или да се збрчкоса…

Затоа, треба редовно да се хидрираме и да јадеме здрава храна богата со витамини и минерали, ако сакаме да сме здрави и ибави, како внатрешно, така и надворешно. Но, за кожата треба да се грижиме и да ја заштитуваме и од надворешните влијанија.

Редовно треба да се користат заштитни креми кои ќе го спречат штетното влијание на ув-зраците од Сонцето, хидрантни креми кои ќе ја заштитат кожата од сушење и пукање, но хранливи креми кои ќе и помогнат да ја одржи својата еластичност и младешкиот изглед.

Таков е и овој крем приготвен според рецептот на Тања, а за кој многумина имаа само пофални зборови. Според филозофијата на природната козметика „сето она што го ставате НА лицето, треба да е јадливо“, затоа што кожата е дел од нас. Ако она што го ставате на лице, не можете да го јадете, тогаш веројатно не е ниту добро за вашата кожа.

За подготовка на овој крем ќе ви бидат потребни неколку состојки кои се евтини и сигурно веќе ги имате во вашата кујна. Основните состојки се ленено семе, ориз, јогурт или кисело млеко и кокосово масло кое може да се замени со маслиново, арганово или друг вид масло кое според својствата одговара со вашиот тип кожа. Еве како да го подготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици ленено семе, 200 мл вода, 1 супена лажица мелен ориз во прав, 1 супена лажица јогурт или кисело млеко, 1 супена лажица кокосово масло

ПОСТАПКА: Во едно тенџерче сипете две супени лажици ленено семе и залијте ги со една чаша вода. Ставете на оган да зоврие, па штом се формира бела пена тргнете го тенџерето настрана и оставете целосно да се олади.

Кога ќе се олади процедете го формираниот гел низ цедалка или најдобро преку газа, па истискате за да добиете што повеќе гел. Оваа слузава течност е одлична за кожата како надворешно, така и внатрешно, па можете да ја нанесувате самостојно без никакви додатоци, а можете и да ја пиете.

Земете две супени лажици од гелот и додајте една супена лажива фино сомелен ориз во прав. Помешајте да се изедначи смесата, па потоа додајте една полна супена лажица цврст јогурт (без шеќер), кисела павлака или кисело млеко.

Повторно промешајте до изедначување, па на крај додајте една лажица кокосово масло. Сето убаво изедначете го и вашиот крем е спремен за употреба. Нанесете го на чисто лице и врат и оставете да делува половина час. Потоа исплакнете со млака вода.

Гелот од ленено семе кој ви преостана складирајте го во стаклена тегличка и користете го самостојно, повеќепати во текот на денот. Се нанесува исто така, на лице, врат и раце, се остава да делува половина час по што се плакне. Видеопрезентацијата на Тања погледнете ја ОВДЕ.