Крофните се еден од омилените десертни печива, а овојпат испробајте го рецептот со кој тие не се пржат во длабоко масло, туку се печат во рерна. Можете да ги полните со крем по важ избор. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 г брашно, 2 јајца, 350 мл млако млеко, 14 г инстант сув квасец, 30 г шеќер, 8 г сол, 70 г растопен путер. Фил по желба. Крогните се преливаат со глазура од слатка павлака, чоколадо и сечкани лешници
ПОСТАПКА: Просејте го брашното, па во средината направете вдлабнување и тука помешајте ги шеќерот со квасецот, додајте половина од растопениот путер и солта, па со постепено додавање на млакото млеко замесете фино мазно тесто, по густина средно меко.
Тестото треба да го месите 8 минути. Потоа додајте го остатокот од путерот и месете уште 4 минути. Обликувајте го во топка и оставете го покриено во сад да ферментира 70 минути или колку што е потребно за убаво да се удвои.
Потоа обликувајте ги крофничките, секоја да биде со тежина од приближно 60 г. Најпрво обликувајте топче, па со дланката или со оклагија сплескајте го, па со собирање и набирање на краевите повторно обликувајте топче.
Вака обликуваните топчиња-крофнички оставете ги во намастен плех (или обложен со хартија, покријте ги за да можат по вторпат да стасуваат уште еден час. Потоа печете ги 20-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
Оставете ги малку да подизладат, па со дршка правете им дупче и полнете ги со лешников крем/нутела или крем по ваш избор.
Одозгора прелијте ги со ганаш од 200 мл слатка павлака, 250 г црно чоколадо (растопени и соединиети на ниска температура), помешано со 200 г ситно сечкан лешник. На здравје сладење!
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Ова се прочуените крофни од рерна без капка масло, тукушто ги извадив, превкусни се!“ – ОВДЕ.
Ова се прочуените крофни од рерна без капка масло, тукушто ги извадив, превкусни се!