Овој десерт е многу поедноставна и побрза варијанта на бајадерата, а има одличен вкус. Штом еднаш ги пробате овие чоколадни коцки, веднаш ќе ви биде јасно дека една доза е премалку, па следниот пат ќе ги приготвите во двојна количина. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г шеќер, 18 лажици вода, 210 г путер/маргарин, 150 г мелени ореви, 100 г крупно сечкани ореви, 250 г мелени бисквити и 100 г чоколадо

ПОСТАПКА: Ставете ја водата со шеќерот на оган да проврие колку да се растопи шеќерот, околу 5 минути. Тргнете го тенџерето од оган и додајте го путерот, па промешајте убаво додека целосно да се растопи.

Додајте ги мелените ореви, па мелените бисквити и на крај исечканите ореви и растопеното чоколадо. Сето добро промешајте го да се соедини во еднолична смеса. Ставете во помал калап обложен со проѕирна фолија и со виљушката прошарајте по површината.

Оставете во фрижидер да се стегне. По желба, можете одозгора да ставите чоколадна глазура, но доволна е декорацијата со виљушката. Прочитајте го и следниот рецепт за ЧОКОЛАДНА РОЛАДА СО РУМ: Толку е вкусно што ќе посакате веднаш да ја направите.

Рецепт на Рада од каналот Радине Послатице. ЧОКОЛАДНА РОЛАДА СО РУМ: Толку е вкусно што ќе посакате веднаш да го направите. Брз и едноставен рецепт за чоколаден ролат. Има едноставен, но сепак неверојатен вкус, ќе уживате додека го подготвувате, а уште повеќе додека го јадете.

Потребни состојки: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 2 лажици мармалад од кајсии, снег пена од 6 белки. За крем: 200 г путер / маргарин, 150 г шеќер во прав, 100 г растопено чоколадо, 2 – 3 лажички рум. Други потребни состојки: околу 100 г мелени ореви. За глазура: 100 г чоколадо и 1 лажичка масло.

Подготовка на тестото: Во поголем сад се додаваат жолчките и шеќерот и се мати со миксер. Потоа додајте 2 лажички мармалад од кајсии или некој по ваш избор. Додајте го брашното и на крајот се додава изматен снег од 6 белки.

Се продолжува со матење до формирање на соединета маса. Се размешува уште малку со рачна маталка, а потоа се прелива во тепсија со хартија за печење, малку намастена. Не е важна големината на тепсијата.

Добро се измазнува и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 10 – 15 минути во зависност од рерната. Додека бисквитот е се уште топол, се префрла на даска за сечкање со хартија за печење. Се вади хартијата за печење и се остава да излади.

Подготовка на кремот: Во сад под миксер се мати путерот или маргаринот и шеќерот во прав. По соединување, додајте го претходно растопеното чоколадо со 1 лажичка масло и оставете малку да излади пред да го додадете во путерот и шеќерот во прав.

По соединување, додајте 2 – 3 лажички рум или по желба за подобрување на аромата. Повторно се меша со рачна маталка. Бисквитот се сече на правоаголници, па на коцки слично како на видеото, а неколку коцки се оставаат настрана за декорирање.

Другите коцки се ставаат во подлабок сад, а преку нив се прелива чоколадниот крем. Земете една проѕирна фолија, а во неа додајте ја чоколадната смеса со се кора. Малку развлечете и додајте ги во средина коцките од кората кои ги тргнавте настрана.

Завиткајте и формирајте ролат, па ставете да се стврне во фрижидер. По отстојување, премачкајте по желба со чоколадо и наросете мелени лешници, па сечете на помали ролатчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Ваквиот ролат има многу начини на декорирање и формирање на различни вкусови, така што можете да експериментирате.