Фото и рецепт: Катарина Кланац
Совршен чоколаден бисквити за калап бр. 26
Потребни состојки
10 јајца (белки + жолчки разделено)
16 лажици шеќер
200 мл масло
200 мл топла вода
2 ванилин шеќер
8 остро брашно
4 лажици меко брашно
4 лажици какао
2 прашок за печиво
1 лажица рум или течна ванила
Постапка:
10 белки изматете во цврст снег и оставете ги на страна.
10 жолчки пенасто изматете ги со 16 лажици шеќер, па додадете 200 мл масло и 200 мл топла вода. Промешајте и додадете 2 ванилин шеќер, па 8 лажици остро брашно и 4 лажици меко брашно. Додадете и 4 лажици какао и 2 кесички прашок за печиво, а за да добиете сочност на бисквитот додадете малку рум или течна ванила.
Потоа белките додадете ги рачно, мешајте со лажица со превртување, додека да ги соединете двете смеси, а сепак да се задржи пенливоста.
Смесата излејте ја во калап за торти бр. 26 и убаво птотресете ја за да излезат сите воздушни меурчиња. Печете во загреана рерна на 160 степени околу половина час. Кога ќе излади сечете на 6 делови со помош на жица. Јас ја исеков на пет кори зошто толку ми беа потребни.
Околу печењето: имам силна печка, па сите високи бисквити ги печам на 160 степени + вентилатор.
Оние обичните кори ги печам на 180 степени околу 15-20 минути.
Корите со блеки како оние за Милка торта ги печам на 170 степени 12 минути. Сите ги печам со вентилатор.
Пред печењето добро го протресувам калапот за да излезе воздухот и да се израмни смесата.
Фото и рецепт: Катарина Кланац