ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Готова е за 5 минути, без желатин и со малку шеќер по вкус

Ова е една многу обична торта, има едноставен вкус на чоколадо и ванила и се прави многу брзо. Нема потреба од долго седење во кујна, тортата се подготвува за неколку минути, а потоа е потребно да се остави уште малку време во фрижидер, да се стегне, па потоа може да се послужи.




Сите ја обожаваат оваа торта и сите мислат дека нејзината подготовка е многу комплицирана. Напротив, тортата не се пече, не содржи многу шеќер, ниту масло. Можете во секое време да си ја направите, особено за божиќните празници. Можете да си ја декорирате по желба. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 150 г обичен шеќер (или здрава замена/засладувач за дијабетичари), 50 г брашно, 2 јајца, 400 г павлака за готвење со 20% масленост. ЗА ОСНОВАТА: 300 г чоколадни бисквити, 120 грама путер. ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД КРЕМОТ: 100 г путер, 10 г ванилин шеќер.




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го кремот бидејќи треба да се остави да се олади, додека во меѓувреме ги подготвувате останатите делови за тортата. Во помало тенџере ставете 150 г шеќер по ваш избор, измешајте го со 50 г брашно, па додајте 2 јајца.




Измешајте ги состојките со дрвена лажица и ставете го тенџерето на рингла на ниска температура. Кога смесата ќе стане погуста, со повремено мешање, се додава павлаката за готвење. Ринглата треба да биде на ниска температура и со постојано мешање се остава да се свари.




По варењето, со внимателност пудингот да не загори, се готви уште 1-2 минути за да добие на густина, па потоа се трга од оган, се покрива со пластична фолија и се остава да се олади. Во меѓувреме, подгответе ја основата. Чоколадните бисквити искршете ги на помали парчиња, па сомелете ги во блендер.




Земете еден помал калап со флексибилен обрач или искористете го само обрачот кој ќе го ставите на рамна десертна чинија. Подобро е да користите помал обрач, за тортата да изгледа поубаво и повисоко. Потоа, растопете го путерот и додајте го во бисквитите и измешајте ја смесата додека да добие конзистентност на влажен песок.




Вака подготвената смеса ставете ја во калапот или внатре во обрачот и со прстите распоредете ја подеднакво. За одогозгора фино да се израмни, можете да ја натапкате со задниот дел на чаша, а од страните малку подигнете ги краевите од базата, за да се задржи кремот кој подоцна ќе го премачкате. Зачувајте си сосем малку од основниот дел на декорација на тортата. Потоа преминете на завршната подготовка за кремот.




Во еден сад пенасто измиксарајте го путерот кој треба да биде на собна температура и измешајте го со ванилиниот шеќер додека да стане кремаст. Додајте 1/3 од оладениот жолт крем кој првично го подготвивте и измиксајте во еднолична смеса.

Вака подготвената смеса излејте ја во поголемата половина од кремот и соединете со неколкуминутно миксање за да се добие убав и свиленкаст крем. Потоа распоредете го преку основниот слој од бисквити и израмнете. Одозгора декорирајте со преостанатата количина од изронетите чоколадни бисквити со путерот или по желба.

Тортата треба да отстои минимум 5-6 часа во фрижидер, додека целосно да се стегне или најдобро е да отстои преку вечер. Потоа, може да ја послужите со сечење на триаголни парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаТУРСКО ШЕЌЕРПАРЕ СО КАРАМЕЛИЗИРАН ШЕРБЕТ: Се топи во уста, многу сочно и вкусно
Следна статијаКАРДИОЛОГОТ СЛОБОДАН ОБЈАСНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИ: Се случуваат многу важни промени со здравјето