ЧОКОЛАДНА ЕКСТАЗА БЕЗ ГЛУТЕН: Вегански колач со банани и јатки готов за само 5 минути!
Ако барате брз, здрав и неодолив десерт што ќе ги освои сите ваши сетила, тогаш овој вегански колач со чоколадо и јатки е вистинскиот избор!
Се подготвува без печење, со само три состојки и без додаден шеќер, а вкусот е толку богат што ќе посакате да го правите секој ден, пишува НМД.
Идеален за ужина, за со кафе или како слатко изненадување за најблиските – овој колач е вистинска магија во секој залак. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1/2 шолја (80 г) мешани јаткасти плодови (кикирики, бадеми, ореви, лешници – по ваш избор) или суво грозје/урми
– 1 1/2 шолја (375 г) пире од банана (околу 2 поголеми банани)
– 1/2 шолја (50 г) какао во прав без шеќер
– НМД
Забелешка: Чашата за мерење е со капацитет од 250 мл. Се препорачува калап со димензии 19х9х5 см.
ПОСТАПКАТА опишана детално со фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:
Исечкајте ги јаткастите плодови ситно (или користете блендер за покрупни парчиња). Ако користите суво грозје или урми, исечкајте ги на мали парчиња. Оставете дел од јатките настрана за декорација.
Излупете две банани и испасирајте ги со виљушка додека да добиете мазно пире без грутки. Треба да добиете околу 1 1/2 шолја пире.
Во пирето од банана постепено додавајте го какаото и мешајте додека да добиете кремаста, чоколадна смеса. Овој чекор може да го направите и во блендер за побрз резултат.
Префрлете ја смесата во мало тенџере и загревајте ја на ниска температура 5-7 минути, со постојано мешање, додека да се згусне. Потоа додајте ги исечканите јаткасти плодови (освен делот за декорација) и добро измешајте.
Смесата истурете ја во калап обложен со хартија за печење или намастен со малку масло. Поросете ги преостанатите јатки одозгора и нежно притиснете ги со лажица за да се залепат.
Оставете го колачот да се олади на собна температура околу 30 минути или ставете го во фрижидер 2 часа за поцврста текстура.
Исечете го колачот на коцки или парчиња и уживајте во овој здрав, чоколаден десерт без глутен!
Одличен е со шолја кафе или како лесна ужина за деца и возрасни. Чувајте го во фрижидер до 5 дена – ако издржи толку долго без да го изедете!
Совет: Експериментирајте со различни јаткасти плодови или додајте малку кокос за уште поинтересен вкус. Овој рецепт е толку флексибилен што секогаш можете да создадете нова верзија на вашиот омилен колач!
Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=weDDt6gH–I&t=349s