Ова е чоколаден пудинг со кафе, прекрасен десерт со неодолив вкус. Перфектен е за гости, но и за секојдневно задоволство.

чоколаден пудинг со кафе

Потребни состојки:

1 чаша (250 мл) млеко
1 лажичка кафе еспресо
2 јајца
75 г црно, квалитетно чоколадо
½ чаша слатка павлака
50 г кафеав шеќер
1 жолчка
½ лажиче екстракт од ванила

*Состојките се минимални за една порција, можете соодветно да ги зголемувате.

Постапка:

Чоколадото искршете го или изрендајте го. Сварете го кафето еспресо (30 мл).

Измешајте ги слатката павлака и млекото, па ставете на на оган да се загрее, но не смее да зоврие.

Со миксер изматете ги јајцата и жолчката, па додадете прстофат сол и кафеав шеќер, додека да се стопи шеќерот. Во топлото млеко додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека тоа да се растопи.

Во пенасто изматените јајца додадете го чоколадното млеко и изматете, па додадете го и кафето.

Смесата излејте ја во огноотпорен сад завиткан со алуминиумска фолија за да не ја пропушта смесата. Садот ставете го во поголем друг сад исполнет со зовриена вода. Нивото на водата мора да биде барем до половина од садот со смесата.

Ставете во загреана рерна на 160 степени, 35 минути. Потоа оставете го пудингот да излади во фрижидер најмалку два часа пред послужување.

*Можете да го направите шарен пудингот со наизменично потурање на светол и темен пудинг во украсна модла, претходно натопена во ладна вода.