Фото и рецепт: Снежана Христина Бируциќ

Постапката е многу едноставна, а се добива голема количина на вкусен колач кој се топи во уста. Доколку ви останале неискористени неколку тиквички во фрижидерот, употребете го овој рецепт за да си приготвите вкусен колач.

Потребни состојки:

3 јајца
100 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
125 мл растително масло
400 г тиквички исчистени и изрендани
50 г какао во прав
300 г брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка цимет во прав
џем од рибизла или некој друг со киселкаст вкус

за чоколадна глазура:

200 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење

Постапка:

Јајцата пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Потоа додадете масло и промешајте. Во смесата додадете ги претходно изренданите тиквички. Во еден сад измешајте ги сувите состојки: какао, брашно, сода бикарбона, прашок за печиво и цимет.

Сувите состојки просејте ги и додадете ги во смесата од јајца и тиквички. Промешајте убаво да се изедначи, па смесата излејте ја во намастен плех. Печете во загреана рерна додека малку да зарумени, па проверете со чепкалка.

Кога колачот ќе излади одозгора премачкјате го со киселкаст џем, а потоа прелијте со чоколадна глазута. Јас додадов и кандирана кора од портокал.

Чоколадната глазура која “мене” не ми се крши ја приготвувам од слатка павлака и чоколадо за готвење. Искршете го чоколадото и ставете го во загреана слатка павлака. Мешајте додека да се растопи и да добиете изедначена смеса.

Фото и рецепт: Снежана Христина Бируциќ