ЧОКОЛАДЕН ДЕСЕРТ ЗА 10 МИНУТИ – успева секојпат!

Малкумина можат да одолеат на ваков убаво сервиран десерт во чаша, поубав од слаткарница.

Пробајте го овој рецепт за домашно, чоколадно парфе.

Потребни состојки:

5 јајца

200 г шеќер

200 г чоколадо за готвење

500 мл млеко

300 мл шлаг

Постапка:

Јајцата со шеќерот добро изматете ги со миксер. Додадете чоколадо и ладно млеко, па ставете на тивок оган. Мешајте постојано додека да згусне. Тргнете од оган и оставете добро да излади.

Во изладениот крем додадете изматен шлаг.  Добро промешајте. Готовиот десерт сервирајте го по желба, во интересни чаши. Парфето декорирајте го со чоколадо или шлаг.

Претходна статија3 ПОСНИ РОЛАТИ ОД ЕДНА СМЕСА: совршено предјадење кое не се пече!
Следна статијаЕдноставен рецепт за пуслици на мој начин од само 3 состојки – децата многу ги сакаат!