Овие чоколадни штангли се за сите оние кои многу сакаат да јадат благо. Нема да имате гpижа на cовест додека ги јадете бидејќи се здрави. Јас изедов многу и ќе кажам дека се многу вкусни, имаат 10ка од мене.




Од неколку состојки ќе ги направите и веднаш ќе ви се на маса. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г ореви, 50 г излупени кикирики, 50 г бадеми, 50 г индиски ореви, малку рендана кора од лимон, 3-4 лажици сируп од урми (може и јаворов или некој друг засладувач), 80 г чоколадо, 1 лажица масло.




ПОСТАПКА: Ставете ги сите јатки во блендер и сомелете ги во прав. Во едно нелепливо тавче ставете 3-4 лажици од засладувачот, па во него изрендајте ја лимоновата кора. Мешајте со шпатула додека сирупот да карамелизира на ниска температура.




Кога малку ќе запени додајте ги измелените јатки и соединете во густа и цврста смеса. Смесата префрлете ја во долгнавест калап и добро измазнете ја на површината. Ставете во фрижидер да отстои 3-4 часа за добро да се стегне.




По изминатото време извадете ја смесата од калапот и поставете ја на даска за сечење. Исечете штангли со дебелина по ваша желба. Во меѓувреме растопете го црното чоколадо со една лажица масло.




На крајот само потопувајте ги штанглите една по една во растопеното чоколадо и редете ги на даска обложена со проѕирна фолија додека чоколадото малку да се стегне. Исто така може да ги ставите во фрижидер за побрзо да се направат околу 30 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ. Колач со нутела, лешници, наполитанки, чоколадо…направете ја во двојна доза зошто веднаш ќе ја cнема! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г путер/маргарин, 100 г шеќер во прав, 4 јајца, 130 г Менаж чоколадо, 1 лажица какао, 1 ванилин шеќер, 70 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, ½ лажичка прашок за печиво, ½ лажичка сол, 70 мл слатка павлака, 130 мл млеко.

ЗА КРЕМ: 400 г нутела, 400 г крем сирење, 250 г сечкани лешници, 100 г наполитанки. ЗА ГЛАЗУРА: 200 г Менаж чоколадо и 200 мл слатка павлака.




ПОСТАПКА: Со миксер изматете ги путерот и шеќерот заедно. Чоколадото растопете го на пареа. Во путерот додајте 4 жолчки, една по една, а потоа и малку разладеното чоколадо, какаото и ванилин шеќерот.

Брашното помешајте го со прашок за печиво, додајте го во смесата, па полека со лажица промешајте. Потоа додајте ја слатката павлака, млекото и цврсто изматениот снег од белките. Внимателно промешајте со лажицата за да се изедначат состојките, а сепак да остане воздушесто.




Испечете ја кората во плех обложен со хартија за печење на 180 степени околу 30 минути. Готовата кора оставете ја да излади, а потоа пресечете ја надолжно и спремете ја за филување.

За крем: изматете го крем сирењето, додадете нутела, сечкани лешници и издробени наполитанки.




Се филува тортата и се прелива со чоколадо. Се загрева слатката павлака, се трга од оган и се додава чоколадото. Полека се промешува и се прелива преку тортата. Се украсува по желба.

Совет: јас оваа торта ја правев во двојна доза, бидејќи е превкусна, не е премногу склатка а преполна е со чоколадо. Мој совет за сите кои ќе се одлучат да ја направат, е да ги удвојат состојките, зошто се јаде додека трепнеш и не останува за после.