Home Нутриционизам ЧИСТАЧИ НА АРТЕРИИТЕ…Оваа храна го штити вашето срце…

ЧИСТАЧИ НА АРТЕРИИТЕ…Оваа храна го штити вашето срце…

ЧИСТАЧИ НА АРТЕРИИТЕ…Оваа храна го штити вашето срце…

10 природни намирници за чисти артерии

Д-р Џули Хемблтон, во својата анализа од 22 април 2024 година, нагласува дека затнувањето на артериите, познато како атеросклероза, е водечка причина за срцеви заболувања, одговорна за околу 600.000 смртни случаи годишно во САД.

„Атеросклерозата е тивок убиец“, вели д-р Хемблтон, „бидејќи симптомите често се појавуваат кога состојбата е веќе сериозна“.

Но, постојат природни начини да се спречи овој проблем, пишува НМД. Еве 10 намирници кои можат да помогнат во одржување на здрави артерии, поткрепени со научни сознанија:

1. Куркума (куркумин)

Куркуминот, активната состојка во куркумата, го намалува ЛДЛ холестеролот и спречува насобирање на плаки.

Според студија од *Molecular Nutrition & Food Research* (2011), куркумата покажала подобри резултати од некои лекови за холестерол.

2. Лук

Лукот го забавува прогресот на атеросклерозата и го намалува ризикот од срцев удар за повеќе од 50%, според истражување од 1999 година (*Wiener Medizinische Wochenschnift*).

„Лукот е природен разредувач на крвта“, објаснува д-р Ана Орехов, коавтор на студијата, пишува НМД.

3. Ѓумбир

Ѓумбирот има антиинфламаторни својства и го намалува холестеролот. Студија од *Journal of Nutrition* (2000) покажа дека екстрактот од ѓумбир ги намалува атеросклеротичните плаки кај животни.

4. Лут пипер (кајен)

Капсаицинот во лутиот пипер го намалува ЛДЛ холестеролот и го подобрува крвотокот, според истражување од 2009 година (*Medical Science Monitor*).

ЛИМОН, ЛУК И ОЦЕТ…Исклучително моќна мешавина која ги отстранува најлошите срцеви блокади и ги одржува артериите здрави…

5. Лимон

Лимонот е богат со витамин Ц, кој ги зајакнува артериите и го спречува оксидативниот стрес.

Д-р Јуки Като, автор на студија од 2014 година, вели: „Дневниот внес на лимон може значително да го намали ризикот од срцеви проблеми“.

6. Цимет

Циметот ги намалува триглицеридите и ЛДЛ холестеролот, покажа студија од *Diabetes Care* (2003), што го прави одличен за дијабетичари.

7. Ленено семе

Лененото семе е богато со омега-3 масни киселини и влакна, што го намалува воспалението. Според студија од 1997 година (*Atherosclerosis*), лененото семе ги намалило атеросклеротичните плаки за 46% кај зајаци.

НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА СРЦЕ И ЧИСТЕЊЕ НА АРТЕРИИТЕ: Ги одбива дури и најлошите болести

8. Ферментирана зелка (кимчи)

Кимчи го забавува атеросклеротичниот процес и ги разградува токсичните хемикалии, според истражување од *Journal of Agricultural and Food Chemistry* (2007).

9. Сусам

Сусамовото семе го спречува развојот на атеросклерозата, покажа студија од *Journal of Medicinal Food* (2006), благодарение на неговите масни киселини.

НАПИТОК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ И КРВНИТЕ САДОВИ – од 5 состојки

10. Сок од калинка

Сокот од калинка е богат со антиоксиданти и ги намалува плаките во артериите. Студија од *American Journal of Cardiology* (2009) покажа дека дневен внес од 240 мл сок може да го забави прогресот на каротидна болест.

Дополнителни совети:

Освен исхраната, д-р Хемблтон препорачува и редовно вежбање (30 минути дневно, 5 дена во неделата) и суплементи како витамин Ц, магнезиум и коензим Q10 за поддршка на здравјето на срцето.

Консултирајте се со лекар пред да започнете нов режим, особено ако сте на терапија со лекови за разредување на крвта. Со овие природни решенија, вашето срце може да остане здраво и силно!