ЧИКАГО ПИЦА…крцкаво тесто со богат сос…Сите го бараат најдобриот рецепт…Запишете си го…
„Дали сте подготвени да ја вкусите магијата на Чикаго пицата? Оваа пица е совршена комбинација на крцкаво тесто и богат сос што ќе ве остави без зборови.
Дознајте зошто сите го бараат најдобриот рецепт и придружете се на љубителите на оваа кулинарска уметност. Споделете ја вашата љубов кон Чикаго пицата со нас!“ Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто (за 1 пица):
375-400 г брашно
10 г сол
40 г путер на собна Т
220 г млака вода
6 г сув квасец
За фил (може и по избор):
-кашкавал
-мелено месо
-доматен сос
-пеперони
-пармезан
Се пече 30-40 минути во загреана рерна на 220-250 степени.
ПОСТАПКА:
Замесете го тестото во процесор, така што прво ќе ги помешате сувите состојки со путерот, а потоа ќе ја додадете водата со квасецот. Обликувајте го во топка и оставете да ферментира 30 минути.
Потоа оставете го во фрижидер 12-24 часа за ладна ферментација. Ако немате време можете веднаш да го употребите тестото. Развлечете го во кора со поголема димензија од садот во кој ќе се пече.
Садот намастете го со путер или масло, па поставете ја кората на дното и ѕидовите. Наредете приближно три слоја кашкавал, па ставете сосем мали парчиња мелено месо претходно зачинето.
Одозгора сипете доматен сос помешан со парчиња пелати или салца, како и зачини по вкус, па покријте со пеперони и на крај посипете рендан пармезан. Печете во добро загреана рерна. Постапката погледнете ја ОВДЕ: