Здраво почитувани, од вашите читатели научив многу корисни работи кои и ден денес ги практикувам, бидејќи многу се ефикасни. Затоа одлучив со вас да споделам и еден мој рецепт кој лично многу ми помогна со вишокот к илограми и подуениот стомак.

Потребни состојки: 1,5 литар вода, 1 жолт лимон, 1 зелен лимон (лимета), 1 лажица семе од анасон, 6-7 ловорови листови, 1 лажица цимет, еден помал корен од ѓумбир, околу 5 см

Постапка: лимоните најпрво ги оставам да отстојам во раствор со сода бикарбона, бидејќи немам мои органски, туку ги купувам. Потоа ги мијам под млаз ладна вода, им ги отстранувам краевите, а средината ја сечам на тркалца и ги отстранувам семките.

Во лимоните додавам мало парче ѓумбир, сито така исечкано на тенки кругови. Ѓумбирот не го лупам, само ги отстранувам сувите делови и го мијам убаво. Количината на ѓумбирот ја ставам одокативно, а секој може да додаде повеќе или помалку, во зависност од тоа колку поднесува луто.

Потоа додавам ловорови листови, колку ќе ми се фатат со прстите, до 10-тина, додавам една лажица семе од анасон и една лажица цимет. Долевам со вода, 1,5 литар филтрирана или минерална вода. Кој каква има, таква нека стави.

Потоа тенџерето под капак го ставам на оган да зоврие и откако ќе проврие ја намалувам температурата на умерено и оставам да се вари уште 5 минути. Потоа го оставам садот 10-15-тина минути да подизлади, па го процедувам и го пијам топол.

Оваа количина треба да се подели на трипати, пред појадок, пред ручек и пред вечера и најдобро е да се пие топол за да има најдобри ефекти, но убав е и ладен. Јас обично го ставам во термос и си го носам со мене на работа.

Откако ќе го испијам овој чај, после некое време појадувам овошје или овесна каша, нешто лесно, еднаш до двапати пред ручекот, во зависност од тоа колку сум гладна. Па потоа ја пијам втората доза од чајот, па по некое време ручам. Оставам дел од ручекот за да ми биде вечера.

Пред вечерата ја пијам третата доза од овој напиток. Откога започнав да го пијам овој чај и кога започнав да ја применувам оваа техника за ручек и вечера, нагло започнаа да се топат мастите и морам да се пофалам дека изгубив доста килограми.

Секогаш планирам да одвојам од ручекот приближно третина, која ќе ја изедам за вечера. Понекогаш не сум гладна кога ми е наменето времето за вечера, но сепак го изедувам она што сум го одредила за да не бидам подоцна гладна во ниедно време.

Порано ја правев оваа грешка, мислејќи дека ќе издржам без да вечерам, но потоа се случуваше доцна во ноќта премногу да огладнам, а некогаш дури и од спиење станував за нешто да изедам. А тоа „нешто“ секогаш завршуваше со некој обилен и калоричен оброк „на нога“.

Сега конечно, благодарение на овој трик, веќе одамна не сум имала таков проблем. Исто така, сакам да напоменам дека порано речиси задолжително навечер имав проблем со подуен стомак и гасови, па неретко поминував непроспиени ноќи поради тегобите.

Станував сред ноќ и одев во тоалет мислејќи дека некако ќе ми помине, но само што ќе си легнев, стомакот повторно ми се подуваше како балон. Да не ви кажувам колку непријатно се чувствував пред маж ми поради овој проблем. Сега сум посреќна што тоа дуење го немам и помирно спијам.

Овој чај го пијам седум дена, потоа правам пауза од два дена, па ја повторувам постапката од седум дена, и сè така во период од еден месец. Потоа правам поголема пауза од 10-тина дена, па ја повторувам постапката. Вие секако, ако се одлучите да го испробате мојот рецепт, прилагодете го според вашиот организам и советувајте се со вашиот лекар.

Не сум била на лекар за да ја проверам крвта поради општата ситуација, но наскоро ќе одам и ќе ви ги јавам резултатите. Доста ослабев, речиси се преполовив во рок од 2-3 месеци и можам слободно да кажам дека мојот сон конечно е остварен.

Меѓутоа, се чувствувам одлично, односно никогаш подобро не сум се чувствувала. Дури ги немам ниту подочниците со кои редовно се будев наутро. Ова беше мојот лек кој многу ми помогна, а се надевам дека ќе му помогне и на некој друг – Читателка на НМД.мк

НАПОМЕНА: Статијата има информативен карактер и не заменува медицински совет и лек. Пред примена, консултиракте се со лекар.