Искористете ги листовите од смоква за да го закрепнете целото тело. Доколку боледувате од дијабетес, чир на желудник, бронхитис или мака мачите со висок притисок, чајот приготвен од смоквин лист може да биде вистинското решение. Листовите од смоква изобилуваат со антиоксиданти и влакна.

Меѓу другото содржат витамини А, Б1 и Б2, како и минерали како што се калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум. Народните лекови ако се применуваат правилно, секогаш се побезбедни од синтетските лекови, а за овој чај од смоквин лист, сите велат дека делува за само неколку недели.

Смоквиниот лист можете и сами да го сушите, само наберете здрави листови, измијте ги, исцедете ги на чиста кујнска крпа, па ставете ги на проветно место и под сенка да се исушат со повремено превртување. Чајот од смоквин лист го нарекуваат и еликсир на животот, бидејќи изобилува со антиоксиданти и влакна, како и голем број корисни состојки.

Иако плодовите не им се препорачуваат на дијабетичарите поради високото ниво на шеќер, смоквиниот лист е здрав и корисен токму за оваа група луѓе, бидејќи помага во регулацијата на нивото на шеќерот. Со консумација на овој чај може да се превенира дијабетесот, бидејќи се зголемува осетливоста на инсулин.

Смоквините листови особено се препорачуваат за тегоби со уринарниот и дигестивниот тракт. Чајот помага за намалување на високиот притисок и нивото на триглицеридите, со што дополнително го заштитува срцето и артериите. Бенефити од смоквиниот лист:

Го регулира нивото на шеќерот, помага при слабеење, го стабилизира крвниот притисок, ги намалува триглицеридите, ги јакне коските, помага кај кожни заболувања, помага кај анемија, ублажува тегоби со чир на желудник, спречува опстипација, го унапредува здравјето на срцето и крвните садови, помага кај афти.

Како лек се користат листовите од зелената и црната смоква, подеднакво се добри. Освен што од нив можете да приготвувате чај, листовите може да се џвакаат и свежи, што е одлично за чир на желудник.

СУШЕЊЕ НА СМОКВИН ЛИСТ – Доцна напролет, лето или есен може да се берат листовите од смоква. Одберете здрави и цели смоквини листови, откинете ги внимателно и наредете ги убаво распоредени врз чиста површина на која ќе ги сушите.

Се сушат на сенка, на темно и проветно место. Дека се суви листовите, ќе забележите по тоа што се ронат на допир. За побрзо да ги исушите, можете пред сушењето да ги искинете на помали парчиња. Кога се убаво исушени, смоквините листови издробете ги и складирајте ги во стаклена тегла со капак.

ЧАЈ ОД СМОКВИН ЛИСТ – Во здравствени цели, чајот од смоквин лист се препорачува да се пие околу еден месец секојдневно. После еден месец редовно пиење треба да се направи пауза од неколку седмици за да може повторната консумација да има подеднакво силно дејство како и првиот пат.

ПОМОШ КАЈ ДИЈАБЕТЕС– Две лажички суви и издробени смоквини листови прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Поклопете ги и оставете го напитокот да отстои 10-15 минути. Потоа процедете го низ цедалка. Секое утро испијте по една чаша чај со појадокот.

ПОМОШ ПРИ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК И АФТИ ВО УСНАТА ШУПЛИНА – Секој ден добро соџвакајте по 2 нежни смоквини листови, па проголтајте ги. Освен што помага кај чир во желудник и надразнета слузокожа, ќе го освежи вашиот здив и ќе ги ублажи непријатните афти.

ПОМОШ КАЈ БРОНХИТИС – Сварете 3 смоквини листови во вода со малку интегрален шеќер, па испијте ја течноста. Како се приготвува чај од смоквин лист поглднете во видеото ОВДЕ.

Освен кај дијабетес, чир, афти и бронхитис, чајот се препорачува да се пие и за подобро здравје на срцето, намалување на високиот притисок, и како помош во лекувањето на рак и анемија. Го прочистува целиот организам и го зајакнува имунолошкиот систем.

СМОКВА ПЛОД – Без разлика дали се свежи или суви, смоквите се богати со многу здрави фитонутриенти, антиоксиданти и витамини. Сочна и слатка смоква е еден од првите плодови во кои уживале нашите антички предци. Остатоци од смокви стари над 11 000 години се пронајдени на Блискиот исток.

Можно е луѓето да одгледувале смокви пред пченицата, јачменот и мешунките. Освен во нејзината медитеранска татковина, смоквите сега се одгледуваат во многу земји низ светот. Најраспространетиот и најпопуларниот вид е обичната смоква (лат. Ficus carica).

Може да роди неколку стотици плодови со различна големина и боја, двапати годишно. Зрелите смокви имаат форма на ѕвонче или круша, со внатрешно сочно месо. Здравствени придобивки – И покрај ниската калорична содржина (само 74 калории на 100 г), смоквите содржат растворливи диетални влакна, минерали и витамини.

Свежите смокви се ценети заради изобилството на антиоксиданти како каротени, танини, лутеин и хлорогена киселина. Покрај тоа, свежите смокви содржат големи количини на антиоксидантни витамини како витамини А, Е и К. Антиоксидансите нè штитат од слободните радикали чии дес-трук-тивни ефекти можат да доведат до предвремено стареење, деменција, срцеви заболувања и рак.

Истовремено, истражувањата покажуваат дека хлорогената киселина го балансира нивото на шеќерот во организмот. Смоквите, како и другите намирници богати со растителни влакна, помагаат при слабеење и ја одржуваат посакуваната телесна тежина.

Соединенија со антиканцерогено дејство – бензалдехид и кумарини – исто така се пронајдени во смоквите. Прелиминарните здравствени истражувања ги потврдија потенцијалните ефекти на овие соединенија врз кар-ци-номите на простата и кожа. Смоквите го решаваат проблемот со калуси и брада-вици.

Ставете наполу пресечена свежа смоква и ставете ја на болното место, па преноќите со оваа облога. Наутро, извадете ја смоквата и измијте ги нозете во топла вода. Потоа обидете се да ја отстраните тврдата кожа / брада-вицата. Потешки случаи може да бараат до пет вакви третмани.

Суви смокви – супер храна: Сувите смокви се високо концентриран извор на минерали, витамини и антиоксиданти. Тие имаат повеќе калории отколку свежите – 249 калории на сто грама. И свежите и сувите смокви содржат значителни количини на витамини од групата Б, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и фолна киселина.

Овие витамини се вклучени во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите. Б-комплексот е важен за функцијата на мозокот, особено за добро расположение. Сувите смокви се обилен извор на минерали калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар.

Железото и бакарот се потребни за да се создадат црвени крвни клетки, додека калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности и помага во регулирање на срцевиот ритам и притисокот. Варените смокви приготвени како чај, помагаат при заболувања на мозокот, воспаление на грлото и белите дробови.

Пониско ниво на холестерол: Смоквите содржат пектин, кој всушност е растворливо влакно. Кога влакната се движат низ дигестивниот систем, во основа го собираат вишокот холестерол и го носат во екскреторниот систем за да се елиминира надвор од телото.

Како растворливи влакна, пектинот од смоквите ја стимулира и здравата перисталтика, односно движењето на дебелото црево. Смоквите можат да имаат и лаксативно дејство, бидејќи спаѓаат во намирници со најмногу влакна. Спречување на коронарна срцева болест:

Сувите смокви содржат фенол, омега-3 и омега-6. Овие масни киселини го намалуваат ризикот од коронарна срцева болест. Понатаму, лисјата од смокви имаат значително влијание врз нивото на триглицериди во крвта. Лисјата од смоква имаат инхибиторен ефект врз триглицеридите и го намалуваат нивното ниво.

Заштита од постменопаузален карцином на дојка: Познато е дека содржината на влакна во смоквите штити од рак на дојка, а по менопаузата, хормоналната рамнотежа кај жените често може да варира. Системите во телото се толку меѓусебно поврзани што хормоните влијаат врз имунолошкиот систем, што пак влијае врз способноста на антиоксидансите да се борат против слободните радикали.

Слободните радикали се главни фактори за развој на рак, така што смоквите се грижат за една дополнителна одбранбена линија, обезбедувајќи богатство од растителни влакна.

Превенција од карцином на дебело црево: Присуството на влакна помага да се стимулира елиминацијата на слободните радикали и други супстанции кои предизвикуваат рак, особено во дебелото црево, бидејќи влакната го зголемуваат здравото движење на цревата.

Бронхитис: Природните хемикалии во лисјата од смоква ја прават идеална компонента за база на чај. Чајот со лисја од смоква е популарно пропишан за разни респираторни состојби како бронхитис, а исто така се користи како начин за спречување и намалување на симптомите на астматичните пациенти.

Потопете 2-3 смокви во млеко преку ноќ и изедете ги наутро за да ги подобрите вашите витални способности.

Ги зајакнува коските: Смоквите се богати со калциум, кој е една од најважните компоненти за зајакнување на коските и намалување на ризикот од остеопороза. Тој е исто така богат со фосфор, кој поттикнува формирање на коскено ткиво и поттикнува повторно растење, доколку има оштетување или деградација на коските.