БУРЕК ПИРАМИДА: Лесна подготовка, со готови кори, превкусно

Фото и рецепт: Ксенија Велковиќ

Потребни состојки:

500 г готови тенки кори (јас земав две пакувања, зошто во едното немаше доволен број кори колку што е потребно за оваа пирамида, а тоа е 23. Од остатокот направив триаголници)

600 г мелено месо

400 г мелен кромид

100 мл масло

1 лажичка сол, мелен црн пипер по вкус

За премачкување:

2 јајца

100 г брашно

1/2 лажичка сол

1 прашок за печиво

250 мл јогурт

Постапка:

Во тава на шпорет додадете 100 мл масло па на тивко пропржете го мелениот или ситно сечкан кромид, да стане стаклест.

Додадете мелено месо, 1 лажичка сол и мелн црн пипер по вкус. Запржете го убаво месото и тргнете од оган.

100 г брашно, половина лажичка сол и еден прашок за печиво измешајте во еден сад. Во друг сад скршете две јајца и матете со миксер.

Кога јајцата ќе побелат постепено додавајте 250 мл јогурт и понатаму матете. Потоа додадете го брашното и полека промешајте.

На работна површина раширете една кора. Преку кората испрскајте со една лажица жолт фил. Со силиконска четка убаво распоредете по целата површина.

Преку неа раширете друга кора и повторете ја постапката. На еден крај распоредете 3 лажици месо, па свиткајте во ролат и добро затегнете за да остане месото во една целина.

На ист начин направете 10 ролати.

Плехот обложете го со хартија за печење. Една кора раширете врз хартијата и премачкајте ја со една лажица жолт фил. Преку неа нанесете уште една кора па и неа премачкајте ја.

На средината наредете 4 ролати еден покрај друг. Премачкајте со жол фил.

Врз нив наредете три ролати, премачкајте и продолжете со редење и мачкање додека да завршете со еден ролат на врвот од пирамидата, па и него премачкајте го.

Целата пирамида прекријте ја со една кора, па и неа премачкајте ја, па подигнете ги краевите кои лежат на плехот и прилепете ги за пирамидата.

Премачкајте со жолтиот фил за краевите убаво да се залепат.

Целата пирамида испрскајте ја со 3 лажици масло. Со силиконска четка добро втријте го маслото.

Пирамидата печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути, во зависност од рерната.

Фото и рецепт: Ксенија Велковиќ

Loading...