Буквално ги излижавме чиниите – Отсега само на овој начин ќе ги правам палачинките. Палачинките ни се омилени подеднакво во солена и слатка варијанта, а ова е еден одличен предлог за ручек или закуска. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за подготовка на палачинки: 3 јајца, 1 прстофат сол, 3 лажици масло, 400 мл млеко, 100 мл вода, 250 г остро брашно. Ако е малку погусто, а тоа зависи од самото брашно, додајте уште малку вода – 20 до 30 мл.

ЗА ФИЛ: 22 парчиња паризер/шунка или кој било сувомесен производ по ваш избор, 22 парчиња кашкавал што се топи, 400 г кисела павлака. За прелив, 3-4 јајца, 100-200 мл крем за готвење/течна неутрална павлака.

Количината на преливот зависи од големината на садот. Преливот треба да биде до половина од тавата во која сте ги наредиле палачинките. Се пече во загреана рерна на 200с/20мин. Потоа додајте 100 г рендан кашкавал кој е растоплив и растеглив, па вратете во рерна уште 5 минути.

ДЕТАЛНА ПОСТАПКА: во подлабок сад изматете три белки во цврст снег со прстофат сол, па постепено додајте три жолчки, една по една, три лажици масло, 400 мл млеко и 100 мл вода. Започнете постепено да го додавате брашното.

Матете додека да добиете хомогена смеса без грутчиња со конзистенција на течен, густ јогурт. оставете ја да отстои 15-30 минути ако имате време, па печете ги палаичните на вообичаен начин. Ако смесата ви се чини дека е погуиста, разредете ја со малку вода.

Секоја палачинка премачкјате ја со кисела павлака (една полна лажица), одозгора ставете две парчиња тенко исечена шунка и малку кашкавал, па свиткајте ја палачинката и исечете ја на 4 дела (или колку сакате вие).

Парчињата вертикално наредете во намастен калап со средна големина и тргнете настрана додека го приготвувате преливот. За прелив: во подлабок сад сипете 2-3 јајца, изматете ги, па додајте 100 мл течна, неутрална павлака.

Ако вашиот калап е поголем, тогаш удвојте ја количината на преливот или ставете колку пто те потребно, за да биде во висина барем до половина на палачинките/калапот. Преливот постепено сипете го врз палачинките за да се пополнат сите пазнини.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени и веднаш намалете на 180 и печете во текот на 20 минути, па извадете го садот од рерна и одозгора наросете 100 г рендан кашкавал и вратете уште 5 минути колку да се растопи.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ПАЛАЧИНКИ ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО: Вакви солени палачинки не сте пробале досега“ – ОВДЕ.

ПАЛАЧИНКИ ОД ПЧЕНКАРНО БРАШНО: Вакви солени палачинки не сте пробале досега