Буено торта со крцкава коричка, без маргарин и без јајца. Многу брзо се приготвува и може да се послужи само 1 час откога ќе отстои во фрижидер. Има одличен вкус на познатото чоколадо „Киндер Буено“ и ќе ве освои со првиот залак, а лесна е за приготвување.




Се прави пудинг на класичен начин, се меша павлаката, па потоа се преминува на подготовка на филот од бело чоколадо (буено) и темен фил од нутела. За оваа торта се користат готови кори (3), веќе испечени и подебели кои може да ги купите во добро снабдените супермаркети.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл млеко, 4 кесички пудинзи од ванила (160 г), 5 рамни лажици шеќер, 200 г бело чоколадо, 200 г темно чоколадо, 150 г киндер буено чоколадо, 100 г нутела (или некој друг еурокрем, но само користете го темниот дел), 100 г лешници, 300 мл слатка павлака, 3 готови кори.




ПОСТАПКА: Од вкупно 800 мл млеко (на собна температура), издвојте околу 100 мл и изматете го со жица/маталка со 4 кесички пудинг од ванила. Останатото млеко ставете го на оган да зоврие, па додајте 4 рамни лажици шеќер и измешајте.




Кога млекото ќе проврие, додајте го пудингот и со постојано мешање, гответе додека да добие густа конзистентност. Пудингот додека е врел поделете го на два еднакви делови. Во едниот дел додајте 100 г бело чоколадо, а во другиот 100 г црно чоколадо.




Измешајте ги чоколадите да се растопат поединечно додека пудингот е врел. По соединувањето, пудинзите оставете ги целосно да се оладат до собна температура (покриени со проѕирна фолија за да не фатат коричка или со повремено промешување).




Настрана изматете 300 мл слатка павлака, а потоа киндер чоколатцата исечкајте ги на ситно или на коцки. ЗА БЕЛ ФИЛ: Најпрво префрлете го во поголем сад и изматете го пенасто со миксер. Во него додајте половина од изматената слатка павлака и фино изматете со шпатула.

Во белиот фил додајте го исечканото киндер чоколадо и измешајте. Не грижете се ако имате поголеми парчиња од киндерот, така тортата ќе биде уште повкусна и крцкава. На истиот начин се подготвува и темниот фил, само со додавање на втората половина од слатката павлака.




Во темниот фил додајте 100 г нутела или друг крем по ваш избор, а веднаш потоа и крупно сечкани и печени лешници. Изматете до соединување на смесата. Потоа со помош на калап со обрач, ставете една готова кора (испечена и подебела) и прво измачкајте ја со бел, па потоа со црн крем.




Повторете ја постапката уште 2 пати додека да го потрошите целиот материјал подеднакво. Тортата може да ја декорирате по желба, но наша препорака е да не ставате премногу работи врз неа бидејќи веќе е преполна со вкусни кремови.

Доколку сте купиле некои посуви кори за торта, истите можете да ги омекнете со неколку лажици обично или чоколадно млеко (само натопете ги малку одозгора). Тортата оставете ја да отстои во фрижидер минимум 1 час, а потоа послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.