Ова е интересен начин за брзо кисење на зелка за сарма. За две седмици е готова!

Потребни состојки:

5-6 кг (3-4 главици) зелка
1 шака жолто фино смелено пченкарно брашно
1 парче леб
сол (објаснето е во рецептот)

Уште ќе ви биде потребно:

1 мало буре или канта
1 пластичен потиснувач
1 помал сад или кутија од 1-2 литри

Постапка:

За брзо киселење на зелка важно е зелката да се држи во кујна или трпезарија (на топло) и затоа е важно да имате некаква канта или мало буре со добар капак. На овој начин зелката брзо се кисели, а со самото тоа, за само неколку денови започнува да се чувствува, и затоа е важно да има добар капак кој нема да дозволува премногу да излегува миртис.

Зелката исчистете ја од надворешните листови, отстранете ги деловите кои имаат некои дамки и малку издлабете го кочанот – коренот.

Наредете ја во кантата колку што може да собере, а она што ќе остане исечете го на половинки и четвртинки и напикајте ги помеѓу главиците (ова ќе ви биде за салата или подварок).

Наросете една шака фино мелено пченкарно брашно и додадете едно парче леб.

Солта никогаш не ја мерам според количината на зелката, туку според соленоста на расолот. Зелката мора да биде солена, бидејќи тоа ја одржува за да не се расипе.

На еден литар вода ставам помеѓу 25 и 30 г морска ситна сол. Пробајте со прст, не треба да биде отров солено, но ни слабо солено, бидејќи тоа ќе биде приближно соленоста и на вашата зелка, па сами оценете. Јас не сакам да ми биде пресолено.

Во еден бокал мерам 27 г сол и додавам 1 литар вода, добро промешувам и со тоа ја преливам зелката. Така правам се додека да се исполни до врв.

ПОВРЕМЕНО СТАВАМ МАЛКУ ПОТОПЛА ВОДА ОД БОЛЈЕР, НО НИКАКО ВРЕЛА ВОДА. Кога кантата ќе се исполни, ставам пластичен потиснувач, а преку него пластична кутија, сето тоа заедно го притискам за да се наполни кутијата со вода и со својата тежина да ја потисне зелката која треба да биде целосно потопена. Со капакот дополнително притиснувам.

Следниот ден го вадам она парче леб и додавам уште солена вода по потреба (зелката да биде прекриена). Не ја отворам кантата секој ден, ама често ја отворам. Бидејќи не е ладна, од секоја страна каде што може да ми влезе раката, малку подбутнувам и промешувам за да се изврти расолот. На ваков начин зелката започнува да се кисели веќе за неколку денови. За 10 дена зелката е спремна за салата, а за сарма е готова за 2 седмици.

Парчето леб кое го ставивме не е пожелно да се става во големо буре со многу зелка, бидејќи после месец-два, расолот почнува да потемнува и да добива малку необичен мирис. Но за вака мала количина која се троши во рок од три седмици, е сосем во ред.

Околу сортата на зелка не можам многу да ви помогнам, мора да користите сорта која може да се кисели (не може секоја). Ако сортата е добра, зелката никогаш не ми се расипува (дури ни на собна температура во кујна), а ако не е добра, ќе ми се расипе сред зима и тоа на тераса. Колку штои сфатив до сега, други трикови нема. За зелка не е потребно се’ да биде стерилно, се става обична вода од чешма, така што верувам дека никаде не можеме да погрешиме, освен во изборот на сортата.

Poslastice.com