БРЗО И ЕВТИНО И БЕЗ МИКСЕР… Толку сочен колач со кокос што ќе го изедете за миг…

За овој рецепт ќе ви требаат по една чаша јогурт, млеко, масло и кокос, заедно со две чаши шеќер, една кесичка ванилин шеќер, две чаши меко брашно (Т400) и една кесичка прашок за пециво од 12 г.

За подготовка на глазурата ќе ви бидат потребни 100 грама чоколадо за готвење и 15 грама путер. На крај посипете малку кокосови трошки…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша јогурт
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша кокосови снегулки/трошки
2 чаши шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 г чоколадо за готвење
15 г путер

ПОСТАПКА:

Во еден сад измешајте ги јогуртот, млекото, маслото, кокосот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа измешајте го просеаното брашно и прашокот за печиво во смесата.

Добиената и изедначена смеса сипете ја во намастен плех 24х24 см (со путер) и печете во загреана рерна на 200°C околу 40 минути.

За да проверите дали е готово, вметнете чепкалка за заби во центарот и ако е чиста кога ќе ја извадите, значи дека е испечено.

На тивок оган или во микробранова печка растопете ги чоколадото и путерот, па добиената глазура излејте ја врз колачот.

И на крајот додадете посипете кокос за дополнителен вкус и текстура. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.