ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чајна чаша густ јогурт/кефир или кисело млеко (125 мл), 1 чаша масло (100 мл), 1 чаша растопен путер/маргарин (125 мл), 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 1 јајце, 1 лажица оцет, 1 кесичка прашок за печиво, 1 чаша (од 200 мл) пченкарно брашно, 3 чаши (од 200 мл) бело брашно, фил по желба, 200 г сусам за валање
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете ги сите течни состојки и добро изматете рачно за да се соединат и изедначат. Потоа додајте по една чаша пченкарно и бело брашно брашно, како прашокот за печиво.
Промешајте, додајте ја втората чаша бело брашно, повторно промешајте, па третата чаша брашно додавајте ја постепено. Кога ќе се формира компактно тесто, домесете го рачно. Ова тесто многу лесно се меси и не се лепи.
Ако сметате дека е меко, додајте уште малку брашно при месењето и изработете го на работна површина. Поделете го на 15 дела, а од секој дел обликувајте топче. Секое топче сплескајте го со рацете во тенка кора со големина на помала чинија.
Ставете на средината фил по ваша желба (за слатка варијанта – сварен гриз, за солена кашкавал или ситно сирење), па затворете како школка и притиснете со прстите за да се залепи тестото и малку сплескајте го одозгора.
Вака обликуваните печива редете ги на мазна површина. Поставете ги врз страната со „спојката“, а горната да биде мазната страна. За слатка варијанта: во чинија истурете малку течен мармалад и помешајте го со малку масло, а во друга сусам. За солена варијанта користете само сусам, а за да се налепи на погачиците истите малку намастете ги.
Погачиците потопувајте ги прво во течноста, па во сусамот, од двете страни. Редете ги во плех обложен со хартија за печење и на секоја погачица направете површински засек во средината.
Печете ги претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути или додека да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „БРЗИ ПОГАЧИЦИ СО СУСАМ И КАШКАВАЛ: Меки, мирисни и вкусни, без квасец“ – ОВДЕ.
БРЗИ ПОГАЧИЦИ СО СУСАМ И КАШКАВАЛ: Меки, мирисни и вкусни, без квасец