Брзи штангли од бисквити и ореви…Повкусно од бајадера…Се мешаат сите состојки, се прелива со глазура и се топат во уста…

Во купот од брзи рецепти за ситни колачи овие ми се омилени, затоа што наједноставно се приготвуваат, сѐ се растопува, се меша и се истура во калап. Одозгора се прелива со глазура и подоцна само се сечат штанглите…

Потребни состојки:

200 г шеќер
150 мл вода
125 г путер или маргарин
100 г чоколадо
150 г мелени ореви
220 г мелени бисквити (може да варира во зависност од влажноста на бисквитите, а ако правите посни колачи тогаш користете посни бисквити)

за глазура:

100 г чоколадо
3 лажици масло

Постапка:

Во водата сипете шеќер, па ставете на оган да проврие и шеќерот да се растопи. Потоа додајте сечкан путер и искршено чоколадо, па малку мешајте додека и тие да се растопат.

Тргнете од оган и додајте ги оревите, промешајте па додајте ги речиси сите бисквити. Соединете па доколку ви се чини дека е ретко (а ретко е доколку е како сварен пудинг), треба да е малку погусто, па додајте уште мелени бисквити.

ЕВТИНИ КОЛАЧИ СО МАЛКУ ОРЕВИ: Одличен вкус, лесно се сечат, брзо и лесно се прават, секому успеваат

Во еден помал плех, калап или нешто слично, со димензии од приближно 25х15 см или помал, ставете хартија за печење на дното и од страните.

Излејте ја целата смеса и израмнете. Одозгора прелијте со глазура.

Глазура: растопете го на тивок оган чоколадото со малку масло, па прелијте го одозгора полека и протресете за убаво да се распореди. Колачот оставете го во фрижидер убаво да се стегне неколку часови, па исечете го и послужете.