Home ТЕСТО Брзи печива за појадок…толку многу се вкусни, што сите се изедуваат уште...

Брзи печива за појадок…толку многу се вкусни, што сите се изедуваат уште додека се топли…

Брзи печива за појадок…толку многу се вкусни, што сите се изедуваат уште додека се топли…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши цврст јогурт или кисела павлака (400 мл)
1 чаша масло (200 мл)
2 јајца
2 кесички прашок за печиво 20 г
1 лажичка сол 10 г
5 чаши брашно 550 г

За фил:
200 г рендан кашкавал
1 жолчка+1 лажичка масло за премачкување
сусам за посипување

ПОСТАПКА:

1.Од наведените состојки замесете меко и нелепливо тесто со постепено додавање на брашното.

2.Намастувајте ги дланките во млку масло, кинете парчиња тесто и обликувајте 15 топчиња.

3.Со прстите сплескајте го топчето, во средината ставете рендан кашкавал, па заторете го и притиснете ги краевите на тестото за да се затвори како школка.

4.Подготвените печива наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкјате ги со жолчка и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.