БРЗИ ЛЕПИЊИ ОД 3 СОСТОЈКИ…Појадок кој се носи на работа, а може да се јаде во слатка или солена варијанта…ПРЕВКУСНО…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
620 г брашно
5 супени лажици масло
400 мл врела вода
1 лажичка сол
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад помешајте го брашното со солта и сипете ја врелата вода и маслото. Прво мешајте со лажица, а потоа со рака. Ако тестото и натаму е доста лепливо, додајте уште малку брашно.
2.Истресете го тестото на работна површина и домесете го за да стане еластично (5-8 минути). Поделете го на 12 еднакви дела, а од секој дел обликувајте топче.
Посипете ги со брашно и покријте ги со кеса. Оставете ги да одморат 10 минути.
3.Потоа со оклагија развлечете ги во тенки кори со големина на средна чинија. Оставете ги да одморат додека се загрева тавата (сува) на умерена температура.
4.Спуштете една кора во загреаната тава и печете ги по 1-1.5 минута од секоја страна. Температурата не смее да биде премногу висока, зашто нема да се надујат како балончиња.
Можеби нема да се надујат, но ако се надујат, тогаш се уште поубави. Печените лепињи премачкјате ги одозгора со путер и редете ги една врз друга. Постапката погледнете ја ОВДЕ.