БРЗИ КОЛАЧИЊА ОД 3 СОСТОЈКИ: Вкусни и здрави, богати со магнезиум и диетални влакна

Овие колачи се навистина многу вкусни, а освен тоа полни се со здрави состојки. Во овој рецепт тие се приготвени со ореви, но вие доколку преферирате некои други јатки, слободно можете да ги замените со бадеми, лешници или нешто друго по желба.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г ореви, 70 г кафеав шеќер (или друга здрава замена) и 1 јајце. Постапка: оревите ставете ги во блендер или „сечко“ и сомелете ги ситно. Префрлете ги во посебен сад и додајте 70 г шеќер (кафеав или некој по ваш избор).




Промешајте за да се изедначат состојките, а потоа додајте едно јајце. Најпрво мешајте со лажица или шпатула, а потоа смесата измесете ја со рака за да може јајцето убаво да се инкорпорира во оревите и шеќерот.

 




На крај треба да добиете смеса слична на пластелин која лесно може да се обликува со прсти.




Црпете со лажичка од смесата и со помош на дланките формирајте топчиња. Редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку притиснете ги одозгора за да добијат форма на плочка. Ова можете да го правите и со виљушка.




Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, па во топлата рерна ставете ги колачите да се печат 10 минути. Оставете ги целосно да се оладат пред да ги доприте.




Додека се топли ако ги вадите од плехот може да ви се изронат низ прстите. Затоа е потребно да се остават на ладење за да се стврднат.




Колачите се многу вкусни и миризливи, па можете и вака да ги јадете, а доколку сакате можете да ги декорирате со чоколадна глазура или да ги наросите со цимет или шеќер во прав.




Брзи и едноставни, сигурно ќе ви се допаднат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаД-Р МАРИО: Оваа намирница ја уништува ‘рскавицата во коленото – Овој напиток од 2 состојки ја лекува
Следна статијаВКУСЕН КОЛАЧ СО 3 ЈАБОЛКА ЗА 10 МИНУТИ: Сите потребни состојки веќе ги имате дома