Потребни состојки:

9 јајца

450 г јогурт

3 лажици масло

3 мали лажички прашок за печиво

15 лажици брашно

100 г спанаќ

100 мл кечап

12 ленти шунка

40 мл кисела павлака

500 г ситно сирење

100 мл мајонез

2 варени јајца

100 г кашакавал

Постапка:

Со мискер изматете 3 јајца со 150 г јогурт, додадете 1 лажица масло, 5 лажици брашно и 1 лажичка прашок за печиво и малку сол. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, истурете ја смесата и печете на 180 степени додека да зарумени.

На ист начин пригответе ги и другите две кори, во едната додадете ситно сечкан спанаќ, а во другата додадете кечап. Со миксер промешајте го ситното сирење со павлаката, па додадете го мајонезот.

Смесата поделете ја на три дела. Во првиот дел додадете две рендани варени јајца. Во вториот дел додадете рендан кашкавал, а третиот оставете го како што си е. Добивате три фила.

Врз чинија за сервирање прво ставете ја црвената кора, премачкајте ја со третиот фил, наредете шунка, па премачкајте со филот со јајца. Одозгора ставете ја зелената кора, филувајте ја како претходната, па ставете ја жолтата кора и премачкајте со филот со кашкавал. Украсете со рендан кашкавал одозгора и оставете преку ноќ да се стегне и излади.