Брза пита со готови кори, без додатоци, многу вкусна, ќе ја правите постојано

Брза и многу вкусна пита, готова е за НАВИСТИНА многу кратко време. Ќе уживате во нејзниниот вкус, одлична за појадок или вечера, па и за ручек, зошто да не.

Потребни состојки: 500 г готови кори, 400 г сирење. За премачкување: 350 мл вода, 1 лажичка сол, 1 кесичка прашок за печиво (10 г) и 100 мл масло

Постапка: Најпрво пригответе го преливот за премачкување на корите. Во еден сад ставете вода, масло, прашокот за печиво и солта. Измешајте и оставете на страна. Сирењето издробете го во друг сад, вкусете, па доколку не е доволно солено, посолете го.

Отворете ги корите. Тепсијата во која ќе печете обложете ја со хартија за печење. Следно, на работната површина отворете ги корите. Јас ги наредив така што едната кора малку на краевите ја преклопува другата кора.. и така по три кори една до друга, да не се познава каде се спојуваат (имам голема работна површина).

Преку целата површина премачкајте ги корите со преливот од вода и масло, а на самиот крај од долгата страна наредете сирење, па полека свиткајте до крај. Ролатот ставете го во тепсијата во вид на полжав.

Повторувајте ја постапката додека да ги потрошите сите кори. Оставете малку од преливот за крај: Површината премачкајте ја убаво, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40-тина минути. Оставете ја питата малку да подизлади, а потоа сечете ја и послужете. Од оваа количина ми излегуваат две помали тепсии пита. Послужете со чаша јогурт.

Coolinarika.com

Loading...