БРЗА ПИТА РУЧЕК: Да го знаев порано рецептов, секој ден ќе го подготвував. Рецепт на Тања од Мојата Кујна Тања. Многу вкусна пита со зеленчук која се подготвува за час. За појадок, ручек или вечера, не е важно, бидејќи веднаш цела ќе се изеде.

 




Потребни состојки: 1 главица кромид, 1 компир, 1 мала китка магдонос. За тесто: 3 јајца, 1 лажичка сол, 90 мл масло, 200 мл јогурт, 50 г фета сирење, 250 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, црн пипер, црвен пипер, сусам за наросување..




Постапка: Кромидот излупете го и ситно исечкајте го. Потоа тргнете го настрана, па излупете го компирот на покрупни коцки со средна величина. Магдоносот добро измије го и исечкајте го што поситно.




Во подлабок сад скршете ги трите јајца, додајте 1 лажичка сол и разматете ги со маталка. Потоа додајте го маслото и јогуртот, повторно промешајте и додајте ги ситно сечканиот кромид, компирот и магдонос.




Додајте го фета сирењето и зачинете со црн пипер и половина лажичка лут/благ црвен пипер. Сета смеса се соединува и на крајот се додава брашното заедно со прашокот за печиво и убаво се меша за да не се формираат грутки.




Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени, а тепсијата во која ќе ја печете питата премачкајте ја со масло. Излејте ја смесата и подеднакво распоредете ја низ целата тепсија. Одозгора наросете со црвен сладок пипер и сусам.




Кога рерната ќе се загрее, ставете ја питата да се пече околу 30-тина минути додека да зарумени одозгора. По печењето оставете малку да се олади, па исечете на поголеми коцки и послужете. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Селска пита со компири: превкусна, ние сите уживавме за ручекот. Потребни состојки: 1 пакување (250 г) лиснато тесто, 5-6 компири со средна величина, 100 г шунка по избор, 100 г фета сирење, 100 г кисела павлака, 2 јајца, 100 г кашкавал, 100 мл млеко, по потреба сол, црн пипер, босилек.




Постапка: Компирот да се свари, но не до крај, до половина, па да се исече на тркалца и да се зачини по потреба. Лиснатото тесто развлечете го на околу 26 см широчина, ставете го во калап 22 см обложен со хартија за печење, израмнете, а ивиците подигнете ги покрај ѕидовите на калапот.




Преку тестото ставете половина од количината на шунката исечена на тенки листови. Преку шунката наредете околу третина од компирите, а потоа и фета сирењето исечено на листови.





Ставете го и вториот дел од компирите, втората половина од шунката, може и малку панцета, фета и третиот дел од компирите. Изматете ја павлаката заедно со јајцата и млекото, посолете и прелијте го компирот.

Одозгора изрендајте кашкавал и префрлете ги ивиците од лиснатото тесто да се затвори питата. Печете на 200 степени околу 45 минути или пробо-дете со н ож и проверете дали компирот е печен. Послужете топло.