Дали некогаш сте слушнале за диета од осум часа? Едноставно, дозволено ви е да јадете се’, но само во текот на осум часа дневно!
На прв поглед можеби звучи многу едноставно, но не е баш така. Постојат некои правила кои е неопходно да се почитуваат за да има видливи резултати.
На прво место, неопходно е да се јаде само 8 часа во текот на денот, а останатите 16 часа е дозволено да се пие само вода или билковни чаеви, а дозволена е и незасладена лимонада во тој период.
Експертите советуваат дека е најдобро тие осум часа, да бидат од 9:00 до 17:00, доколку можно, бидејќи резултатите покажале дека во тој период диетата е најефикасна.
Но, сите знаеме дека урбаниот начин на живот речиси не ни дозволува исхрана во тој период, ако се земе во предвид и дека работното време е токму од 9-17 часот, па затоа се можни отстапки.
Што е дозволено да се јаде:
Оптимално време е од 8 наутро до 19 часот.
Секако, во тој период треба да се јаде, но само осум часа во текот на денот. И она што е уште поважно, диетата од осум часа подразбира дека тие осум часа не мора да бидат во истиот период секој ден.
На пример, во текот на работните денови може да биде во периодот од 8 до 16, а за време на викенд од 11 до 19 часот. Но, најважно е после тоа да не се внесува ништо освен течности (вода, билковни чаеви, лимонада без шеќер). И не заборавајте, растојанието помеѓу главните оброци мора да биде четири часа.
Она што посебно ќе ве воодушеви е менито, а правилото е едноставно: се’ е дозволено.
Имено, менито ги подразбира навистина сите намирници, но само доколку ги јадете во одредено време. Меѓутоа, иако се дозволени сите намирници, сепак треба да се внимава на количините и квалитетот кој се внесува.