Питата е превкусна, лесно и многу брзо се приготвува, идеално се секое време, особено кога немате доволно време. Наместо спанаќ може да употребите блитва, коприва или што и да имате.

Потребни состојки:

400 г спанаќ или зелје
4 јајца
1 шолја (за чај или бело кафе од 250 мл) пченкарно брашно
2 шолји пченично брашно (обично, бело)
100 мл масло
1 прашок за печиво
1-2 лажички сол или по вкус
1 чаша кисело млеко од 180 г
300 г ситно сирење за пита

Постапка:

Спанаќот убаво измијте го, исцедете го, па исцепкајте го или исечкајте го ситно. Ставете го во еден сад и прелијте го со зовриена вода, а може и да го обарите (како ви е полесно). Оставете малку да отстои за да омекне, па процедете го.

Бидејќи питата брзо се приготвува, уште на почетокот вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Во поголем сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица. Додадете масло и киселото млеко, па повторно измешајте за да се соединат состојките. Посолете по вкус и додадете го пченкарното брашно.

Промешајте со жицата за да се соедини смесата. Наместо пченкарно може да користите хељдино или некое друго по ваша желба.

Додадете една шолја обично брашно, па откако добро ќе промешате, додадете го сирењето, втората шолја брашно и прашокот за печиво.

Спанаќот процедете го, па и него додатете го во смесата. Убаво со лажица промешајте за да се изедначат состојките.

Еден класичен плех со средна величина намастете го со масло па излејте ја смесата и рамномерно распоредете.

Одозгора можете да наросите сусам и да ја ставите питата да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу половина час.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: