БРЗА БАНАНА ТОРТА: Мешаш, филуваш и ја јадеш, сè за 15 минути

Брза, евтина и количински доста излегува, а ќе го воодушеви секој што ќе ја проба. За да ја приготвите оваа превкусна торта со банани ќе ви бидат потребни само 15 минути. пробајте и уверете се! Рецепт и видео презентација на Гурман ТВ – “Брза Банана Торта”




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г банани, 3 кесички шлаг во прав, 400 г кекси по ваш избор, 100 мл млеко. Потоа, 125 мл млеко, 2 кесички шлаг во прав, 50 г бело чоколадо, 50 г темно чоколадо. Откако ќе ја приготвите тортата, треба да отстои во фрижидер 2 часа за да се стегне.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го млекото, кратко натопувајте ги биксвитите во него, една по една и редете ги калап или плех со димензии 24х24 см. Во друг подлабок сад ставете ги излупените банани и со помош на виљушка испасирајте ги (или користете блендер).




Во пирето од банани истурете три кесички шлаг пена во прав и добро измиксајте со електричен миксер додека смесата да стане кремозна и воздушеста. Ставете третина (три-четири полни лажици) од кремот врз подлогата од биксвити и рамномерно распоредете и израмнете.




Откако ќе го израмните филот, одозгора наредете уште еден ред биксвити, исто така, претходно по малку натопувани во млекото. Ставете повторно три-четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете ја површината. Наредете и трет слој бисквити.




Секоја бисквита кратко натопете ја во млекото за да омекне. Одозгора нанесете повторно три-четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете. Наредете четврти ред бисквити (малку натопени во млеко), па целиот колач оставете го во фрижидер да се олади еден час.




За тоа време бисквитите ќе омекнат убаво, а кремот ќе се стегне. После тоа време изматете го шлагот за декорација од 125 мл ладно млеко и две кесички шлаг во прав. Обложете ја целата торта со шлагот, а одозгора декорирајте ја со по 50 г рендано темно и бело чоколадо.




Вака приготвената торта вратете ја во фрижидер да се олади уште еден час. За побрзо можете да ја ставите 15-тина минути во замрзнувач. После тоа време можете да ја пресечете и да ја послужите.

Претходна статијаДебелото црево се празни за 2 дена: после ова ќе немате проблем со остипација
Следна статијаРОЛАТ СО БАНАНИ КОЈ СИТЕ ГО САКААТ: ЖИРАФА ролат – со мерки на лажица