Навистина, ова е многу брз сос кој се приготвува без кромид, за разлика од сите останати сосови. Не спаѓа во категоријата на „5 минутни“ јадења, но го оправдува вложеното време, без премногу труд и маka.




Ако го мерите времето од самиот почеток до крајот, вкупната подготовка на ова јадење е вкупно 50 минути, што се смета за прилично кратко време ако се спореди со долговременската подготовка на гулашите која не е помала од два-три часа. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,2 кг пилешко месо (батак, карабатак), 10 г сол (една лажица), 50 мл масло. ЗА ПРЕЛИВ: 750 мл млака вода, 100 мл доматен сос од тетрапак, 1/2 голема лажица ајвар, 1 мала лажичка сенф, 1 мала лажичка црвен пипер во прав, црн пипер, 2 ситно сечкани чешниња лук, 20 г брашно, 1 говедска или зеленчукова коцка (или 1 полна лажичка сув зачин-вегета). И уште: 200 мл вода, варен ориз за прилог, сечкан магдонос за наросување




ПОСТАПКА: Пилешкото без кожа засечете го со нож на најдебелото место, долж коската, од двете страни, па посолете го по вкус и добро промешајте. Ставете го да се запржи на средно умерена температура, на малку масло. Пржете ги 15-тина минути со неколку превртувања, додека убаво да заруменат од сите страни.




Потоа пригответе го преливот: во 750 мл ладна вода, додајте 100 мл доматен сос. Додајте половина лажица ајвар, една лажичка сенф, една лажичка црвена слатка пиперка во прав, малку црн пипер по вкус, 20 г брашно, 2 чешниња лук ситно исечкани, една коцка за супа (иситнета), па сето добро измешајте додека да се изедначи.




Вака приготвениот прелив прелијте го преку месото, па додајте уште една чаша вода (200 мл), промешајте и вратете на оган. Откако ќе зоврие, гответе уште 15-тина минути поклопено. По изминатото време месото превртете го за да може рамномерно да впие од сосот.




Во меѓувреме можете да го сварите оризот или доколку повеќе ви одговора, со пилешкото месо исто така, совршено одговара и компир пире, варени тестенини, некоја мешавина од разновиден зеленчук и слично.




Месото се послужува со сосот прелиен преку прилогот, а одозгора наросете со ситно сечкан магдонос, млад кромид или власец. Може да послужите и некоја освежителна салата како дополнување на прилогот и вашето јадење е спремно. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.